Calypso -> RE: Трудници во третото тромесечје - од 27 до 40 недела (15.2.2011 11:43:56)
|
Мене сега ми е потешко да се вртам ноќе, т.е да си најдам положба за спиење, затоа што ме боли стомакот, особено во долниот дел. Тешко ми е понекогаш да дишам, а ноќеска почна да ме боли и десниот колк. Грбот на десната страна ме боли исто така, знам дека е од тежината, бидејќи исто така ме болеше кога си ги имав овие вишок кг (само што тогаш не бев бремена). А пред некоја вечер не можав да спијам, ептен паника ме фати од што ми беше стомакот толку многу затегнат, стегнат, ми се чинеше дека ќе експлодира ако некој само ме допре. Станав да пијам магнезиум, и ми попушти. Во четврток ќе имам полни 36 недели, и кај и да е, треба да одам на контрола. Требаше во текот на оваа недела, ама морав да имам резултати од крвна слика, урина, уринокултура и од вагинален брис за стрептокок, а тие ќе бидат готови во четврток. Се надевам дека се ќе биде добро, се молам хемоглобинот да ми биде покачен [sm=smiley24.gif]
|
|
|
|