| 
				  LoveableMe RR ->  RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО  (3.4.2014 11:19:38)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				      ИЗВОРНА ПОРАКА:  LoveableMe RR      Девојки, бев да се информирам за ИВФ втор обид IVF, која е процедурата, што документи треба и ми рекоа вака:      - копии од претходни HSG, лапароскопија, хистероскопија (доколку сте правеле)    - 3Д/4Д ехо ново да се направи не постаро од 6 месеци   - ПАП тест (не постар од 1 година)   - микробиолошки брисеви не постари од 6 месеци   - хормонален статус FSH, LH, PRL, E2, Progesteron, Testosteron, TSH, T3, T4), не постар од 6 месеци. Доколку FSH е покачен, може да побараат Антимулериан хормон, доколку не е, не бараат   - комплет крвна слика со седиментација и гликоза не постари од 6 месеци,    - два спермограма (еден од претходното ИВФ), а друг нов не постар од 6 месеци   - вирус маркери, хепатит Б,Ц и ХИВ не постари од 6 месеци (за двата партнера)   - копии од претходни инсеминации   - извештај, отпусна листа од ИВФ-то кое било неуспешно од болницата каде сте правеле             Butterfly00,  погоре пишува кои документи треба, кои треба да не се постари од 6 месеци, а кои испитувања треба наново да ги правиш. Спермограм треба да не е постар од 6 месеци, а еден можеш стар да приложиш од претходно. Бараат документацијата од првиот обид фотокопирана да ја доставиш, дополнета со новите испитувања. Одобрување на ИВФ даваат после 6 месеци од претходниот обид, поточно од негативниот тест за бременост. Со среќа, позз,      Jana81, нема доктор што ќе го ризикува својот углед, работно место и сл. да ти даде фиктивен документ дека си правела инсеминации..или прави ги, или оди ИВФ на приватно. 
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |