cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Зошто децата сакаат чаша вода пред спиење?

Дали сте се запрашале зошто пред да заспие, скоро секогаш, детето сака да пие вода? Многу родители губат трпеливост и се лутат што нивното дете вреска. Дали станува збор за детски каприц, или тоа е нешто сосема друго?

Зошто децата сакаат чаша вода пред спиење?

Кога детето бара вода пред спиење, родителите најчесто мислат дека заборавило да пие во текот на денот и е навистина жедно. Изненадувањето доаѓа кога ќе му дадат чаша вода и детето ќе се напие само една голтка!

Земете длабоко воздух и смирете се, очигледно ова е само начин на кој детето се обидува да го привлече вашето внимание.

Имајте на ум дека децата не можат да планираат големи манипулации намерно. Затоа, не мислете дека тие намерно сакаат да ве провоцираат.

Заборавете на сите страшни можности кои поминале низ вашата глава. Многу родители мислат дека детето само се обидува да ги задржи покрај нив подолго време. Но ако помислите колку време е потребно за горенаведената голтка, оваа теорија брзо отпаѓа како можна.

Децата секогаш бараат вода во моментот кога се полузаспани, а вие како родител се олабавувате по долгиот и исцрпувачки ден. Не се лутете на детето за оваа акција, бидејќи вистинската причина за оваа толку типична ситуација е многу покомплексна отколку што изгледа.

Детето ве тестира за да биде сигурно дека нема да остане само ако му треба некоја помош во текот на ноќта поради некоја причина.

 

Детето знае дека ако ги повика мама или тато, тие веднаш ќе реагираат - ќе го смират и ќе го заштитат од секакво зло. Малите деца се особено зависни од нивните родители, а оваа зависност се интензивира уште повеќе во текот на ноќта кога темнината ги плаши.

Во овие ситуации, на децата, треба да им пријдете мирно, стрпливо и најважно со љубов и нежност. Тоа им е најпотребно  на децата во ова доба од ноќта. Жедта е само изговор, но неговата желба е всушност да се најде емотивна поддршка од неговите најблиски - неговите родители.

 

Не заборавајте да му ја покажете нежноста на вашето дете пред спиење - прегрнете го и бакнете го. Направете да се чувствува сигурно дека мама и тато секогаш ќе го чуваат и дека ќе бидат таму. Ова нема да трае вечно, па не ги лишувајте вашите деца од оваа драгоцена поддршка додека растат.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет