cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Житата во детската исхрана

clock-img

14.1.2014

Малото стомаче кај бебињата има дури 5 пати поголема потреба за хранливи состојки отколку возрасните луѓе, а во периодот помеѓу 4 и 6 месеци мајчиното млеко станува недоволно за покривање на растечките прехранбени потреби

Житата во детската исхрана

 

 

Житата се идеална намирница за започнување на дохранувањето поради високата нутритивна густина и нискиот алергиски потенцијал. На бебињата им ги обезбедуваат главните нутритиенти во облик погоден за нивните мали стомачиња и овозможуваат сигурен премин на бебето на квалитетна секојдневна исхрана.

Најпрво се воведуваат оризови и пченкарни снегулки (на возраст помеѓу 5 и 6 месеци) кои не содржат глутен.

Житата кои содржат глутен треба да се воведат во исхраната нешто подоцна, откако бебето ќе наполни 6 месеци.

Нутритивниот состав на житата се карактеризира со висок удел на јаглеродни хидрати (60-70%), а особено скроб, што ги прави одлличен извор на енергија. Житата од цело зрно се неверојатен извор на влакна, кои значајни научни студии ги поврзуваат со подобреното здравје на човекот. Белковините и мастите се застапени во помало количество. Бидејќи житата не ги содржат сите есенцијални аминокиселини, во комбинација со млеко тие стануваат совршен оброк, идеален за почетокот на денот на секое дете, но и за возрасните. Заради нивно лесно варење, можат да се внесуваат и како вечера бидејќи ја даваат ситоста потребна за мирен сон.

 

Житата во облик на житни снегулки се навистина популарен производ, како во детската исхрана, така и кај возрасните. Голема предност им е едноставното приготвување со млеко. При тоа, потребно е да се посвети внимание, до третата година на детето да се користи соодветна замена за кравјо млеко (на пр. NAN 3 или по првата година Nestlé Junior млеко) кога мајката ќе престане да дои. 

Поради важноста на житата во исхраната на доенчињата и малите деца, битно е да се одберат што поквалитетни производи, а при тоа да се внимава на возраста на детето.

 

Nestlé житните снегулки, направени на база на 8 вида жита (пченица, 'рж, јачмен, пченка, ориз, просо, овес и сирак), се богати со влакна што е особено важно за добро движење на цревата, а со тоа и подобро варење. Ја содржат културата Bifidobacterium lactis која е слична на бифидобактеријата што се наоѓа во дигестивниот тракт кај доените деца. Nestlé житните снегулки се без додаток на шеќер или со намалено ниво на шеќер и на тој начин се спречува создавањето на навиката кај децата за сладок вкус, ризик од кариес, како и потенцијална дебелина. Лесно се варат поради посебниот процес на производство во кој големите молекули на јаглеродните хидрати се разложуваат на помали.

Nestlé житните снегулки со одличен вкус се омилени на секое дете! Може да одберете помеѓу следните вкусови: пченка и ориз, 8 жита, 8 жита и бисквит, 8 жита и мед, 8 жита и какао, како и овес и суви сливи (наменети за деца кои имаат проблеми со тврда или нередовна столица).

 

2

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет