cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Жената на службен пат, а мажот...?

Се е во ред, драга! Многу фала на твојата убава порака. Не треба да се грижиш за мене. Се' е во ред

Жената на службен пат, а мажот...?

 

 

Секој ден готвам сам и се чудам како сето тоа добро функционира. Често се случува да не појдам во болница за празнење на желудникот.

Вчера печев компири. Мора да се чисти компирот? Додека се печеше отидов да купам леб. Кога се вратив емајлот од тавата потполно се растопил. Не ми се веруваше колку е тавата не квалитетна. Чадот во кујната го нема веќе, но мачката е црна како гавран и многу кашла. Оттогаш панично бега штом ќе вклучам шпорет, или ќе почнам да тропам во кујната. А бидејќи морам барем еднаш дневно да јадам нешто топло, мачката повеќе не влегува в кујна.

Кажи ми колку долго се варат јајца? Ги варев два часа, но никако да омекнат. И те молам напиши ми дали загореното млеко може да се употреби и за нешто друго? Дали да го чувам додека не се вратиш?

Имав мал проблем кога сакав да ја подгреам конзервата со гулаш. За жал експлодира во микробрановата. Вратата од микробрановата излета низ прозорецот и го уништи нашиот убав стакларник, а исто и прозорецот. Ударниот бран беше страшен. Конзервата излета нагоре како ракета, го проби плафонот и ја погоди ќерката на Г-дин Симиќ, точно меѓу нозе, но ништо не и беше, навикната е.

Дали ти се случило да ти се засушат валканите чинии? Како е тоа можно во толку кратко време?Не си ни полни четири седмици во Чешка.

Зад лавабото има секакви животни, се чудам од каде само доаѓаат сите тие влекачи? Ти да не ги остави таму случајно? Затоа конечно решив садовите да ги ставам во машина.

Драга, те молам немој да се лутиш, но порцеланот од баба ти се скрши. Изгледаше толку цврсто што не ми паѓаше на крај на памет дека нема да издржи. Можеби 1000 пати вртење на центрифуга е многу? А да, машината исто така е расипана. Додека вртеше центрифуга големиот нож малку го оштети бубањот.

Додека јадев го извалкав тепихот во дневната соба и тоа со пире од домати. Ти секогаш ми велеше дека пирето од домати не излегува. Се лажеш драга моја, не само флеката туку и влакната од тепихот излегоа. Можеби не требаше да употребам нитро разредувач.

Фрижидерот морав да го исчистам од наталожениот мраз. Ти не ме слушаш кога велам дека мразот најдобро се чисти со чекан. Но чудно, сега веќе не лади туку грее. Во секој случај, месото е добро печено, а јогуртот, шампањското и минералната вода експлодираа.

Драга моја. Во четвртокот заборавив да ја заклучам куќата. Сигурно некој бил овде, бидејќи недостасуваат неколку вредни предмети, но парите не го прават човека среќен, како што ти отсекогаш велиш. Плакарот е празен, но сигурно не беше ниту полн, бидејќи ти секогаш велиш дека нема што да облечеш.

Вчера сакав да го нахранам зајакот, но свеќата ми се преврти на него па остана без влакна. Сега изгледа многу смешно. Овде ќе завршам за денес.

Утре ќе ти пишам малку повеќе.

Се надевам дека уживаш без мене и дека добро се одмораш.

 

Поздрав,

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет