cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Заврши проектот „Прегратка на дар“

clock-img

6.3.2012

Министерот Ристовски смета дека вакви акции се неопходни за да се развива свеста кај децата за потребата од хуманост, која, како што рече, треба да се случува секој ден.

Заврши проектот „Прегратка на дар“

 

Да се поврзат децата, да се поттикнат и научат на сочувство, пријателство и добри дела и истовремено да се развеселат нивните врсници кои новогодишните празници ги поминаа во болниците, имаше за цел хуманитарната акција „Прегратка на дар“, што ја организира македонскиот семеен интернет портал Рингераја.

На денешната завршна манифестација на која присуствуваше и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, организаторите посочија дека целта е исполнета затоа што децата од повеќе градинки и училишта рачно изработиле подароци за болните дечиња на кои им донеле радост во најтажните мигови.  На таков начин, сметаат организаторите, децата се учат на сочувство и на хуманост потребна во секое општество.

Министерот Ристовски смета дека вакви акции се неопходни за да се развива свеста кај децата за потребата од хуманост, која, како што рече, треба да се случува секој ден. Токму затоа, посочи, како Министерство дадовме целосна поддршка за овој проект кој придонесува за правилниот развој на децата.

- Правилниот развој, зависи од сите нас. Затоа ние заедно со вас над 10.000 дечиња низ цела Македонија преку хуманитарната акција „Прегратка на дар - Грам љубов за тон здравје“ ги учевме децата на хуманост, една од основните особини која се стекнува при градењето на карактерот на човекот, односно кога сме деца, рече министерот Ристовски.

Тој додаде дека во насока на правилниот развој и градењето свест кај децата, како и за подобрување на нивната заштита како Влада се трудат да ги унапредуваат политиките и да го подобруваат квалитетот на детската заштита.

Во 54 градинки во 43 општини, рече, се згрижуваат 26.000 деца, кои покрај игра, забава и дружење, се учат на основните вредности. За таа цел, додаде, се спроведуваат повеќе проекти како „Еко градинка“, „Инклузија на децата Роми“, како и повеќе активности во текот на Детската недела. 

Од семејниот интернет портал Рингераја, кој денеска одбележа три години постоење, на министерот Ристовски му доделија благодарница за поддршката во спроведување на проектот „Прегратка на дар“.

 

 

Извор: Press24

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет