Застанете за миг, па продолжете посилни
Во трката по обврски, често го забораваме најважното, себеси. Телото и умот секогаш ни испраќаат сигнали кога сме премногу напрегнати.

Но ние премногу често ги игнорираме, мислејќи дека мора да продолжиме „уште малку“.
Вистината е дека продуктивноста не значи да работиме без пауза,туку да умееме да застанеме навреме. Мали паузи низ денот како кратка прошетка, неколку длабоки вдишувања, чаша вода или момент на тишина можат да ја променат целата енергија.
Кога се грижиме за себеси, ние не стануваме само посмирени и поздрави, туку и поприсутни за луѓето околу нас. Стресот е дел од животот, но начинот на кој го менаџираме прави разлика. Паузата не е слабост, тоа е сила што нè враќа во рамнотежа.
Денес бидете благодарни за своето тело што ви служи секој ден и за секој момент во кој ќе му подарите заслужен одмор.
Афирмација за денес:
„Јас ги слушам сигналите на моето тело и ум. Со секоја пауза ја враќам својата сила, енергија и мир.“
Ви посакуваме ден во кој ќе најдете време да дишете подлабоко, да застанете за миг и да се сетите и вие заслужувате грижа, секој ден.
Понекогаш најголемиот напредок е токму кога ќе застанете.
Ваша Рингераја.