cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Запознајте го бебето кои се роди два пати

Девојчето Лин, кое сега има четири месеци е, верувале или не, родено два пати!

Запознајте го бебето кои се роди два пати

 

Маргарет Боемер од Тексас била бремена само 13 недели кога дознала дека нејзиното бебе има тумор на рамото. Иако и била трета бременост, Маргарет не сакала да ја прекине и покрај тоа што лекарите ја предупредиле дека туморот може да го убие бебето во нејзината утроба.

За жал, прогнозите на лекарите почнале да се обистинуваат. Како плодот растел, така растел и туморот. Животот на бебето бил загрозен и тоа останувало без доток на крв, бидејќи туморот се борел да земе се. Сите мислеле дека за плодот нема спас и дека Маргарет ќе го изгуби.

Но тогаш се случило вистинско чудо. Се собрал тим на лекари кои одлучиле да го отворат стомакот на маргарет, да го извадат бебето надвор, да го отстранат туморот, а потоа да го вратат бебето во стомакот, за да дотурка до термин.

Иако операцијата била многу ризична, храбрата мајка сакала да му даде шанса на бебето да живее. Влегла во операционата сала и легнала на масата за операција.

Операцијата траела полни пет часа. Лекарите успеале да го отстранат делот од туморот, кој го загрозувал животот на бебето,а потоа го вратиле во материцата на мајката , надевајќи се на најдоброто. Упорната и храбра мајка и нејзиното девојче дотуркале до 36 недела, кога повторно влегле во операциона сала, за да ја породат.

На 6 јуни оваа година, Маргарет стана мајка на прекрасното девојче Лин. Неколку дена по раѓањето Лин била повторно оперирана, за да ги отстранат сите остатоци од туморот. Неколку недели подоцна, бебето било пуштено дома, каде ужива во вниманието и љубовта на своето семејство.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет