cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Задолжителни работи за бебиња: Листа на основни работи за новороденчиња

Подготвени за доаѓањето на најмалото срце во домот? Дојдено е време за најубавата животна улога – родителството. Но, со радоста доаѓа и еден куп нови обврски и прашања: Што ни треба? Што е навистина важно? Што може да почека?

Задолжителни работи за бебиња

Оваа листа ќе ви помогне да се подготвите без паника и без да купувате непотребни работи. Овде се опфатени основните и најпотребни работи за првите 0–3 месеци од животот на твоето новороденче, сè што ќе ви помогне да се чувствувате сигурно, подготвено и спокојно.

 

1. Спиење и одмор

Новороденчињата спијат и по 16-18 часа на ден. Затоа, креирањето на безбеден и удобен простор за спиење е приоритет.

Основни работи:

  • Креветче или колевка кое треба да биде стабилно и безбедно
  • Тврд душек во точната големина за креветчето
  • Навлаки за душек кои се препорачува да бидат водоотпорни
  • Постелнина, 2–3 чаршави од 100% памук
  • Вреќичка за спиење за бебиња бидејќи е побезбедна од ќебе
  • Ноќно светло, за смирување и ритам


Избегнувајте перници, играчки и дебели ќебиња во креветчето. Тие претставуваат ризик за СИДС (синдром на ненадејна смрт кај новороденчиња).

 

2. Облека

Бебешката кожа е чувствителна, а бебињата често се менуваат по 2–3 пати дневно. Затоа е важно да имате доволно удобна и лесна облека. 

Минимален основен гардеробер:

  • 5–7 бодиња со копчиња (со долги и кратки ракави)
  • 4–6 пижами или едноделни комбинезони
  • 3 капчиња (едно за излегување, едно тенко, едно топло)
  • Чорапчиња и ракавици против гребење
  • Едно меко ќебенце за носење
  • Јакничка (по потреба – сезонски)


Избери облека од органски памук, без груби шевови или тешки апликации. Бебето нема потреба од модни детали. Се што му треба е само од удобност и топлина.

 

3. Хигиена и нега

Од првиот ден, потребна е соодветна нега. Тука не се бара луксуз, туку чистота, безбедност и едноставност.

Основна нега вклучува:

  • Пелени (еднократни или платнени) – 10–12 дневно
  • Влажни марамчиња без парфеми
  • Крема за пеленската регија
  • Када или анатомски подметнувач за бањање
  • Мек пешкир со качулка
  • Бебешки шампон/сапун со неутрален pH
  • Четка за коса со меки влакна
  • Ножички со заоблени врвови
  • Комплет за нега (гребалка, термометар, аспиратор)

Дополнително:

  • Газа за чистење очи и лице
  • Физиолошки раствор (стерилен)

 

4. Хранење

Без разлика го дали доите или храните со адаптирано млеко вашето бебе, треба да сте подготвени.

Ако доите би треба:

  • Перница за доење
  • Подлоги за градници
  • Градници без жица
  • Пумпа за млеко (рачна или електрична – по избор)
  • Садови за складирање млеко

Ако храните со формула ви треба:

  • Шишенца (4–6) со разни големини
  • Цуцли (со различен проток)
  • Стерилизатор (електричен или за микробранова печка)
  • Грејач за млеко (по избор)

За двајцата:

  • Крпи или шамија за подригнување
  • Чист сунѓер и течност за перење шишенца

 

5. Излегување и движење

И кога сте надвор, бебето треба да биде удобно, безбедно и блиску до вас.

Задолжително имајте:

  • Автоседиште (0–13 кг), задолжително за излегување
  • Количка со рамна површина за новороденчиња
  • Торба за пелени со џебови и подлога за пресоблекување
  • Марамчиња, резервна облека, шише и ќебе секогаш во торбата

 

6. Утеха и стимулација

Во првите месеци, бебето почнува да ги истражува боите, звуците и допирот. Не му требаат многу играчки, но неколку внимателно одбрани се добредојдени.

Препорачано:

  • Цуцла (доколку ја прифаќа)
  • Играчки за галење (со текстура, меки)
  • Мобил над креветчето со бавни движења и музика
  • Контрастна црно-бела книшка или картички
  • Огледалце за бебе

 

Нема „совршена листа“ што важи за сите. Вашето бебе е уникатно, исто како и вие. Затоа почнете со основното. Следете го неговиот ритам. Ќе видите што му треба низ искуството. Најважното нешто што му треба на вашето бебе сте вие.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет