Забременувањето не е трка туку патување со трпение и љубов

За повеќето парови, замислата за бременост изгледа прилично едноставно. Одлучувате дека е време и наскоро следи позитивен тест.

Забременувањето не е трка

Но, реалноста често е поинаква. Процесот на забременување може да биде различен за секој пар, и времето кое е „нормално“ да се случи тоа зависи од многу фактори.


Просечно време за забременување

Медицински гледано, кај пар без здравствени проблеми кој има редовни односи без заштита, шансата за забременување е околу 15-25% месечно.
Тоа значи дека:

  • Околу 50% од паровите ќе забременат во првите 3 месеци.
  • Околу 75% во рок од 6 месеци.
  • До 85-90% од паровите ќе забременат во рок од една година.

Затоа, лекарите сметаат дека е нормално процесот на забременување да трае до 12 месеци кај жени под 35 години кои имаат редовен менструален циклус.


Во кои случаи времето може да биде подолго?

Постојат различни фактори што можат да влијаат на времето потребно за зачнување:

  1. Возраст на жената игра голема улога бидејчи фертилноста постепено опаѓа по 30-тата година, а по 35-тата опаѓа побрзо.
  2. Телесна тежина прекумерната и премалата можат да влијаат на овулацијата.
  3. Редовност на циклусот. Жените со нередовна овулација имаат помала шанса да погодат плодни денови.
  4. Навиките и стилот на живот како пушење, алкохол, стрес и недоволно спиење влијаат на квалитетот на јајце-клетките и спермата.
  5. Здравствени состојби како синдром на полицистични јајници (PCOS), ендометриоза или хормонални нарушувања можат да го отежнат процесот.


Кога да се побара лекарска помош?

  • Ако по една година редовни односи без заштита кај жени под 35 години не дојде до бременост.
  • Ако жената има повеќе од 35 години, препорачливо е да се побара совет по 6 месеци обиди.
  • Ако има познати здравствени проблеми како нередовен циклус, болки при менструација или претходни инфекции.

Лекарот може да препорача едноставни тестови како следење на овулација, хормонални анализи или проверка на спермограм кај партнерот.


Психолошки аспект

Многу парови доживуваат стрес и анксиозност кога процесот трае подолго од очекуваното. Но треба да се знае дека ова не значи дека постоење на одреден проблем туку уникатноста на секое тело кое има свој сопствен ритам. Притисокот, постојаното следење на тестови и броење на денови може само дополнително да го забави процесот.

Процесот на забременување е различен за секој пар. За повеќето е сосема нормално да потрае неколку месеци, па дури и до една година. Клучот е во стрпливоста, здравиот начин на живот и редовните лекарски контроли.

Бременоста не секогаш доаѓа кога ќе ја испланираме, но кога ќе се случи доаѓа во вистинскиот момент.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет