cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Водич за подготовка на домот по породување. Создајте мирен и функционален простор за новото поглавје

Породувањето е еден од најубавите, но и најпредизвикувачки моменти во животот на секоја мајка.

Водич за подготовка на домот по породување

Освен што телото минува низ огромни промени, сè околу вас се менува. Бебето пристигнува со многу љубов, но и со потреби кои бараат организација и планирање. Затоа, подготовката на домот пред породувањето е клучна за полесен почеток на мајчинството.

Овој водич ќе ви помогне да создадете простор кој е удобен, безбеден и практичен и за вас и за бебето.

 

1. Организирајте го просторот за бебето

Не е потребна луксузна детска соба, туку практична.

  • Креветче или колевка. Ставете го на безбедно растојание од греалки и прозорци.
  • Маса за пресоблекување или организиран агол. Ако немате место за маса, користете комода или полица со корпи.
  • Корпа за валкани алишта. Нека ви биде на дофат на рака, бидејќи перењето е нешто што често ќе го правите.
  • Ноќно светло. Благо светло ќе ви помогне при доењето или пресоблекувањето ноќе без да го разбудите бебето.

 

2. Подгответе „станица за доење“

Доењето може да трае подолго, па направете го искуството удобно. Поставете удобна фотелја или перница за доење, малa масичка до вас со вода, здрава закуска и влажни марамчиња, телефон или книга за моментите на одмор.

 

3. Создадете зона за пресоблекување

Нека биде функционална и безбедна. Ставете ги пелените, влажните марамчиња и креми на едно место. Облека за пресоблекување при нека ви биде рака. И секако кеси за фрлање валкани пелени.

 

4. Наполнете го домот со основни намирници

По породувањето нема да имате многу време за пазарење. Подгответе:

  • Здрава храна што лесно се загрева како супи, варени житарици, замрзнати зеленчуци.
  • Закуски богати со енергија, јаткасти плодови, сушено овошје, интегрални крекери.
  • Доволно вода и чаеви бидејќи хидратацијата е клучна за мајките, особено при доење.

 

5. Подгответе ја спалната соба за одмор

Со новороденче, спиењето ќе биде парцијално. Направете го секој момент за одмор вреден:

  • Поставете удобни перници и лесно ќебе.
  • Организирајте простор за бебето ако спие во вашата соба.
  • Отстранете ги непотребните предмети за да избегнете неред.

 

6. Направете „корпа за прва помош“ за мајката

По породувањето, телото бара грижа. Затоа набавете: влошки за постпородилниот период, удобна облека (пижами и градници за доење), креми за брадавици и сет за интимна хигиена.

 

7. Организирајте го времето и помошта од другите

Не двоумете се да побарате поддршка од партнерот, семејството или пријателите. Поделете ги обврските. Некој може да готви или да помага околу пазарење. Организирајте и „дежурства“ ако имате друго дете.

 

8. Бидете ментална подготовени 

Покрај физичката организација, психичката подготвеност е пресудна. Прифатете дека домот нема да биде секогаш совршено чист и дека тоа е нормално. Фокусирајте се на поврзување со бебето, а не на создавање „идеална слика“. Одвојте време за себе, дури и неколку минути дневно.

 

Подготовката на домот пред породување не е само за ред и чистота, туку за олеснување на првите недели полни со емоции, умор и радост. Колку подобро сте организирани, толку повеќе ќе уживате во тие драгоцени моменти со вашето бебе.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет