cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Во посета на специјалната болница за гинекологија и акушерство “Чаир“

Основна дејност на ЈЗУ Специјална болница за гинекологија и акушерство Чаир - Скопје е здравствена заштита од областа на гинекологија, акушерство и неонатологија (специјалистичко консултативно, превентивна заштита и куратива, породување, водење нa високоризични бремености, оперативни интервенции од гинеколошко-акушерска проблематика, грижа за новородените за време на престојот), преку амбулантно и стационарно болничко лекување, наставно научна и едукативно образовна база.

Во посета на специјалната болница за гинекологија и акушерство “Чаир“

Гинекологија  и акушерство Чаир е второ по големина родилиште во земјава каде на годишно  ниво се раѓаат околу 3.000 бебиња. Поразговаравме со директорот на ЈЗУ Специјална болница за гинекологија и акушерство Чаир, Др. Мендух Јегени кој пред се е голем хуманист, доктор специјалист кому здравјето на родилката и бебето му се на прво место, а се труди со својата функција тоа да им го наметне и на своите доктори и целиот персонал во болницата. Значи, пациентите се најважни.   

Неговиот апел до сите жени кои се бремени или во иднина планираат да забременат е тие слободно да дојдат во болницата Чаир на породување без никаков страв и предрасуди, бидејќи болницата е од отворен тип (неселективна) и секој пациент е добредојден. Хигиената и квалитетот на исхраната се на едно високо ниво, а калориската потреба е прилагодена според здравствената состојба на пациентот. Болницата работи според стандарди и правила и е под постојани контроли.   

Кога се работи за породувањата, најголем процент  се природни, вагинални, но во случаи кога е загрозено здравјето на родилката или бебето, без размилување се оди на царски рез. Родилките со природно породување во болницата остануваат 2 до 3 дена, а оние кои родиле со царски остануваат од 5 до 7 дена, нормално и во двата случаи доколку е се во ред со мајката и бебето. Во спротивно, се задржуваат на болничко лекување додека не се стабилизира здравствената состојба.   

Во болницата е задолжителнa едукацијатa на родилките за доење на своите бебиња и се што е поврзано со хигиената за него. Сестрите се должни да одговорат на секое прашање што го има родилката поврзано со доењето или здравјето на нејзиното бебе. А за да функционира се во нормален ред, најзаслужна е главната сестра Нихел Касум, која максимално го вложува својот труд во работата и обврските кои ги има.  

Во болницата  има три апартмани со сопствен тоалет и дозволени посети до 23 часот (дозволени се двајца при посета во апартман). Детето е со вас, но доколку сакате да се одморите слободно можете да повикате сестра да се погрижи за бебето. Еден ден во апартман чини 1500 денари.  

Важно е да се спомене дека болницата за гинекологија и акушерство "Чаир" стартуваше со првата фаза од реконструкција на објектот, која ќе чини околу 200.000 евра. Реконструкцијата е овозможена преку донација на Владата на Норвешка и Фондацијата Норвак. Санација на покривот веќе е направена, а кон крајот на септември ќе се започне и со останатиот дел за реновирање.  

- Почнавме со реконструкции во стариот дел, а со завршување на новата зграда ќе добиеме една од помодерните болници во регионот, ни кажа Др. Јегени. Тој нагласи дека и здравствените услуги ќе бидат подигнати на повисоко ниво. Но она, на што Др. Јегени се пожали е дека имаат недостаток на медицински кадар, но дека се надева оти проблемот ќе го надминат со враќање на докторите од специјализација.   

На приватно поле Др. Јегени е фамилијарен човек, кој има два синови, но на прашањето  колку има време за себе и за фамилијата ни одговори:

“Фамилијата има  големо разбирање за мојата работа и обрските кои ги носи таа со себе, но јас плаќам голем данок  со мојата професија. Многу често  се запоставени, а и она малку  време што го имам се трудам максимално да го искористам да им надоместам. За својата професија со своите синови разговарав уште додека беа мали, бидејќи родителот е тој кој треба да му објасни на детето што и како работи, преку отворен разговор и без никакви предрасуди. Така децата полесно ќе го разберат и прифатат отсуството на родителот од дома.”  

За себе нема време, но се во служба на професијата  и доброто на пациентите.  

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет