Видови на матични клетки: ембрионални, адултни и индуцирани

Матичните клетки се една од највозбудливите области во современата медицина. Нивната способност да се обновуваат и да се претвораат во различни типови клетки отвора можности за лекување на болести кои до неодамна се сметаа за неизлечиви.

Видови на матични клетки

Но, не сите матични клетки се исти. Во науката се разликуваат три главни вида: ембрионални, адултни и индуцирани матични клетки.

 

Што се матични клетки?

Матичните клетки се основни клетки во организмот кои имаат две клучни способности:

  • Самообновување, можат да се делат и создаваат нови матични клетки.
  • Диференцијација, можат да се развијат во специјализирани клетки (кожа, мускул, нерви, крв и сл.)

 

1. Ембрионални матични клетки

Што се тие?

Ембрионалните матични клетки се добиваат од многу рана фаза на развој односно ембрион стар неколку дена (бластоциста).

Карактеристики на овие матични клетки:

  • Тие се плурипотентни односно можат да станат речиси секој тип клетка.
  • Имаат голем потенцијал за регенерација.
  • Брзо се делат,

Предностите на овие клетки се тоа што се со најголем диференциски потенцијал и можност за создавање различни ткива и органи

Овие клетки покренуваат етички дилеми, прашања по ризик од неконтролиран раст и потреба од строга контрола.

 

2. Адултни (возрасни) матични клетки

Што се тие?

Овие клетки се наоѓаат во веќе развиени ткива кај деца и возрасни.

Тие се наоѓаат во: коскена срцевина, крв, кожа, масно ткиво и папочна врвца (по раѓање).

Карактеристики на овие матични клетки:

  • Тие се мултипотентни.
  • Имаат ограничен, но стабилен потенцијал.
  • Учествуваат во природна регенерација.

Предностите се тоа што тие веќе се користат во клиничка пракса, нема етички контроверзии и постои помал ризик од отфрлање.

Кај овие клетки постијат ограничувања како тоа што можат да се трансформираат во ограничен број клетки.

 

3. Индуцирани плурипотентни матични клетки (iPSC)

Што се тие?

Ова се обични возрасни клетки кои научно се „репрограмираат“ за да се однесуваат како ембрионални матични клетки.

Карактеристики на овие матични клетки:

  • Тие се плурипотентни.
  • Добиени се без употреба на ембрион.
  • Генетски се прилагодени на пациентот.

Предности на овие клетки се тоа што нема етички дилеми, има можност за персонализирана медицина и голем истражувачки потенцијал.

Предизвиците се тоа што сèуште се во развој, ова е сложен процес и има потреба од дополнителни истражувања.

 

Секој вид матични клетки има своја улога и значење.

  • Ембрионалните нудат огромен потенцијал, но носат етички прашања.
  • Адултните се докажани и веќе спасуваат животи.
  • Индуцираните претставуваат мост меѓу науката и етиката, со ветување за иднината.

Разбирањето на разликите е првиот чекор кон информирани одлуки и доверба во современата медицина.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет