Совршена, но исцрпена, замор од „да се биде сe“
На прв поглед изгледа дека сe е под контрола и работата, и семејството, изгледот, обврските, вашата насмевка. Однадвор изгледате совршено, одвнатре сте исцрпени.
Современата жена не се уморува од тоа што прави, туку од очекувањето и задоволување на тоа очекување да биде сè, секогаш и без пауза.
Невидливиот товар
Да се биде: посветена мајка, успешен професионалец во својата работа, емотивна партнерка, организатор на домот, негувана и смирена во исто време, без грешки, без жалби и без пауза е товар кој ретко се признава, а уште поретко се симнува.
Културата на „можеш сè“
Пораките што секојдневно ги добиваме се опасно мотивирачки: „Ако сакаш можеш.“, „Само организирај си го времето и активностите подобро.“, „Сите имаме исто време.“
Но реалноста е малку поинаква. Никој не може секој ден сè и тоа е сосема во ред.
Заморот што не се лекува со сон
Ова не е обичен замор. Ова е: ментална преоптовареност, емоционална исцрпеност и чувство дека никогаш не сте доволни. Така да дури и кога одмарате, вашиот ум не мирува. Затоа сонот не е доволен.
Зошто толку тешко си дозволуваме пауза?
Затоа што: се плашиме да не разочараме, мислиме дека одморот е слабост, затоа што сме научени дека вредноста доаѓа од продуктивноста. Но одморот е потреба и задолжителност.
Малите знаци дека сте на работ
- Чувствувате постојан умор без јасна причина.
- Се појавува раздразливост и чувство на вина.
- Ја губите радоста во работите што порано ве исполнувале
- Чувство дека сте „на автопилот“.
Како да излезете од улогата на „совршена“?
- Дозволете си да не бидете сè. Понекогаш е доволно да бидете само присутни.
- Поставете граници. Не мора секое барање да добие одговор „да“.
- Побарајте помош. Самостојноста не значи самотија.
- Редефинирајте ја успешноста. Успехот не е колку сте издржала, туку колку сте се зачувале.
Да се биде „совршена“ често значи да се биде невидливо исцрпена. Животот не бара совршенство бара присутност, здравје и автентичност. Светот нема да се распадне ако застанете, а вие нема да исчезнете ако одморите.





