Tретман со матични клетки од папочна врвца за срцеви аномалии кај бебиња
Што се матични клетки?

Според кардиолозите од Универзитетската болница во Минхен, крвта од папочната врвца може да обезбеди материјал, потребен да се лекуваат срцата на илјадници бебиња, родени со оштетени срцеви залистоци. Овие научници велат дека се на 3-5 години од трансплантација на нови срцеви залистоци кај деца со срцеви аномалии, создадени од крвта од папочната врвца на самите деца.
Абнормалните срцеви залистоци се едни од најчестите вродени срцеви маани. Кај овие бебиња срцевите залистоци се премногу мали или не се затворааат правилно, спречувајќи го нормалниот проток на крвта. Иако хирурзите можат да трансплантираат нови залистоци, од човечки донори, животни или пак од вештачки материјал, овие залистоци не можат да го следат растот на детето, заради што е неопходно после одреден период малите пациенти да се подложуваат на повторувани операции, за претходно трансплантираните залистоците да се заменат со нови, поголеми - вели д-р Ралф Содиан, предводникот на истражувачкиот тим.
„Замислете си да имате дете со вродена срцева маана и детето да треба да се оперира на секои 2-3 години. Ова е многу тешко и за децата и за родителите. Целта е да се изведе една операција, која ќе трае цел живот.“ -вели Д-р Содиан.
Извор : stemcellumbilicalcordblood.com
Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете. Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:
Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса. |