cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Трансплантација на матични клетки уште во матката на мајката

Трансплантација на матични клетки од папочна врвца уште пред раѓањето на детето, би требало да им помогне на децата со генетски предодредени болести на метаболизмот.

Трансплантација на матични клетки уште во матката на мајката

Д-р Џоана Курцберг од универзитетот „Duke“ во Дурхам, САД, би сакала до 2014 год. на овој начин да третира 12 пациенти во рамките на една студија.

Од досегашните студии е познато дека трансплантацијата на матични клетки од папочна врвца кај генетски условените метаболни болести, покажува дотолку подобри резултати, доколку порано се изведе. Третманот на бебињата пред нивното раѓање би водел кон продлабочување на досегашните знаења и ќе биде прв ваков третман во светот.

Во студијата можат да се вклучат идните мајки, чии деца покажуваат знаци за висок ризик од генетски предодредена метаболна болест, како Крабе-овата болест или Тај-Сакс-овиот синдром. Ако на почетокот од бременоста биде дијагностициран таков генетски дефект, во 12-14 недела од бременоста на бебето ќе му биде инјектирана донирана крв од папочна врвца директно во стомачната празнина. До раѓањето клетките имаат време „да пораснат“. Доколку по раѓањето се утврди дека донираните клетки повеќе не се присутни или дека присутните донирани клетки не успеале да го „поправат дефектот“, ќе биде спроведена конвенционална терапија во првите недели по раѓањето.

„Идејата е на детето да му се дадат матични клетки од здрав донор, кои имаат потенцијал да ги заменат оштетените гени со здрави“, вели Курзберг, пионер во областа на терапија со матични клетки кај деца.

Познати се околу 45 генетски условени метаболни болести, уште попознати како лизозомални болести. За сите е заедничко нарушена активност на одреден ензим, така што продуктите на метаболизмот не можат докрај да бидат разградени. Со тек на време тие продукти се натрупуваат во организмот, што на крајот доведува до оштетувања на ткивата и органите. Околу едно од 7500 деца е засегнато од ваква болест. Кај некои заболувања може да се спроведе супституциона (заместителна) терапија со ензими, кај други сеуште не постои никаква можност за терапија. Во многу од овие случаи животниот век на малите пациенти значително е скратен.

 

Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете.

Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:  

  1. CryoCord: чување на матични клетки само од крвта на папочната врвца
  2. CryoCord+: чување на матични клетки од крвта и од ѕидот на папочната врвца

Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса.

Доклку сакате да прочитате повеќе за Cryo Save и Би-МЕК на интернет, тоа може да го направите на Рингераја, или на веб страницата на Би-МЕК и Cryo Save.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет