cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Трансатлантски тим - чекор поблиску до лекувањето на тип 1 дијабет

Човечко ткиво кое произведува инсулин, беше создадено од матични клетки од папочна врвца.

Трансатлантски тим - чекор поблиску до лекувањето на тип 1 дијабет

Јунското издание на научниот журнал „Cell proliferation“, ја одбележа четиригодишнината од истражувањето и успешната соработка меѓу тимовите, предводени од проф. Colin McGuckin, од Центарот за крв од папочна врвца во Њукасл, при Универзитетот Њукасл и проф. Larry Denner од Центарот за дијабет - Stark, од медицинскиот оддел при Тексашкиот универзитет (UTMB).

„Овој успех ја покажува важноста од развој на технологии за матични клетки, на глобално ниво. Ова е важен чекор во лекувањето на пациенти со дијабет, но е само една алка во ланецот кој ќе биде потребен” рече проф. McGuckin, кој работи на инситутот North East England Stem Cell (NESCI). Тој додаде: „Со комбинирање на нашите технологии, верувам дека дијабетот може да биде една од болестите, во чија терапија, матичните клетки можат да дадат голем придонес.”

Коавторот од Њукасл, д-р Nico Forraz рече: „Со повеќе од 120 милиони деца кои се раѓаат секоја година, матичните клетки од папочна врвца ќе бидат лидер во развојот на терапијата со матични клетки за пациентите низ светот. Преку 85 состојби веќе може да бидат третирани со крв од папочна врвца. Денес ние сме уште поблиску до додавањето на дијабет тип 1 на оваа листа.”

Студијата насловена како: „Инженеринг на матични клетки од папочна врвца, со цел - создавање на Ц-пептид и инсулин”, детално ја прикажува можноста за создавање на ткиво на панкреас, кое што може да се употреби не само кај пациенти со дијабет, туку и кај пациенти со други заболувања на овој орган. Проф. McGuckin ја кредитираше UTMB – групата (САД), забележувајќи за нивниот придонес: „Galveston има долга историја во медицинските достигнувања и силна определба кон медицинските истражувања.”

(Извор: ‘Инженеринг на матични клетки од папочна врвца, насочен кон продукција на С-пептид и инсулин’ објавен во журналот "Cell proliferation". Копии од весникот може да се добијат во канцелариите за комуникација при Универзитетот Њукасл)

Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете.

Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:  

  1. CryoCord: чување на матични клетки само од крвта на папочната врвца
  2. CryoCord+: чување на матични клетки од крвта и од ѕидот на папочната врвца

Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса.

Доклку сакате да прочитате повеќе за Cryo Save и Би-МЕК на интернет, тоа може да го направите на Рингераја, или на веб страницата на Би-МЕК и Cryo Save.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет