cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Тоа беа времиња...

Мотивациска приказна за животот во едно поубаво време

Тоа беа времиња...

 

 

Една вечер разговарале дедото и внукот за актуелните случувања. Одеднаш внукот го праша дедото:


- Дедо, колку години имаш?


Дедото одговори:


- Да размислам. Роден сум пред телевизорот, пред вакцината за детска парализа, фотокопир апаратот, контактните леќи и апчињата за контрацепција. Немаше полициски радари, кредитни картички, ласерско зрачење. Не постоеја клима – уредите, пералните и сушалните за алишта.  Човекот сеуште не беше стапнал на Месечината и не постоеја авиони. Се венчавме со баба ти и живеевме заедно, а во секое семејство имаше мајка и татко.

Роден сум пред компјутерот и групната терапија. Луѓето не одеа на преглед, туку докторите по потреба ги праќаа да проверат крв и мокрача. До 25. година на секој маж му се обраќав со господине, а на секоја жена со госпоѓо или госпоѓице. Кога во мое време ќе влезеше госпоѓа во трамвај или автобус, децата и младите ќе побрзаа да и го отстапат своето место. Ако беше бремена, ќе ја испратеа до седиштето и ќе и купеа карта.


На жените им беше препуштена страната до оградата на скалите, тие први влегуваа и излегуваат од лифт и мажите секогаш им ја местеа столицата пред да седнат. Мажите секогаш стануваа кога поздравуваа жена. Мажите ја отвораа вратата од автомобилот кога влегуваше или излегуваше жена, или било која друга врата, и им помагаа на жените да го облечат капутот.


Нашиот живот се темелеше на 10 заповеди, трезно расудување, почитување на постарите, почитување на законите , а слободното време се поминуваше со најблиските.


Не научија да го разликуваме доброто од злото и да одговараме за своите постапки.


Мислевме дека брзата храна им е наменета на луѓето кои брзаат.


Не знаевме за безжични телефони, а за мобилни да не зборуваме. Не слушавме стерео снимки, касети, ЦД-а, ДВД-а.


Notebook ни беше тефтерот.


Сатовите ги навивавме секој ден. Ништо не беше дигитално, ни часовниците, ни куќните апарати. Кога сме кај машините, немаше банкомати, микробранови печки, а за видеорекордери и видеокамери да не зборуваме.
Немаше ниту инстант фотографии во боја, имаше само црно – бели, а за нивно развивање требаше да се почека барем 3 дена. Немаше ниту фотографии во боја.


Немавме слушнато за Pizza-cut или Mc Donald's, ниту за инстант кафе и вештачки засладувачи. Во продавница можевме да купиме нешто за 5-10 центи.


Нов автомобил чинеше 1.000 $ но никој немаше пари да купи.


Во мое време ја косевме тревата, не ја пушевме.


Ние  сме последните кои беа уверени дека на жената и треба маж за да има дете...



Сега кажи ми што мислиш, колку сум стар?


- Е дедо...Повеќе од двеста години.


- Не внучко, само шеесет.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет