Татковците во салата за породување - искуства и чувства
Во минатото, татковците најчесто го чекале раѓањето на своето дете пред салата за породување.
Денес, сè повеќе породилишта овозможуваат присуство на партнерот за време на породувањето, доколку тоа е желба на двајцата родители и ако здравствената состојба го дозволува.
За многу семејства, ова е едно од најемотивните и најнезаборавните искуства во животот.
Зошто некои татковци избираат да присуствуваат?
Причините се различни, но најчесто сакаат да:
- ? дадат поддршка на партнерката,
- бидат дел од раѓањето на своето дете,
- го доживеат првиот контакт со бебето,
- ја споделат важноста на овој животен момент.
Присуството во салата за породување е лична одлука и не постои „правилен“ избор што важи за сите.
Какви чувства доживуваат татковците?
Емоциите често се мешаат и се менуваат во текот на породувањето. Најчесто се јавуваат: возбуда, радост, гордост, неизвесност, страв дека нема да знаат како да помогнат I олеснување кога ќе го слушнат првиот плач на бебето.
Многу татковци велат дека присуството на породувањето им помогнало уште повеќе да ја ценат силата и издржливоста на својата партнерка.
Како може таткото да ? помогне на партнерката?
Иако медицинскиот тим ја води грижата за породувањето, партнерот може да биде значајна емоционална поддршка.
Тој може да ја охрабрува со смирени зборови и да ја држи за рака. Тој може да и помогне со техниките на дишење и да и донесе вода или да ? помогне да ја промени положбата, кога тоа е дозволено. Партнерот треаба да остане смирен и присутен.
Понекогаш само присуството на сакана личност е доволно за трудницата да се чувствува побезбедно.
Дали присуството е задолжително?
Некои татковци не се чувствуваат подготвени да бидат во салата за породување, а некои жени претпочитаат да поминат низ породувањето без партнер во просторијата.
Најважно е одлуката да биде заедничка без притисок и во согласност со правилата на породилиштето и препораките на медицинскиот тим.
Подготовката е важна
Посетата на часови за подготовка за породување може да им помогне на идните родители подобро да разберат:
- како тече породувањето,
- што може да очекуваат,
- како партнерот може да биде корисна поддршка.
Подготвеноста често ја намалува неизвесноста и стравот кај двајцата родители.
Првиот момент со бебето
За многу татковци, најсилниот момент е кога првпат ќе го видат или ќе го земат своето бебе во прегратка. Овој прв контакт може да помогне во создавање рана емоционална поврзаност и да го направи почетокот на родителството уште попосебен.
Присуството на таткото во салата за породување е лично искуство кое за многу семејства претставува незаборавен почеток на родителството. Со поддршка, разбирање и присуство, партнерот може да биде значаен извор на сила за трудницата.
Без разлика дали ќе присуствува на самото породување или ќе ја чека надвор од салата, најважно е двајцата родители да се чувствуваат поддржани и подготвени за доаѓањето на своето бебе.





