cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Староста на таткото: како влијае врз плодноста и развојот на детето?

Кога се зборува за плодност, најчесто фокусот паѓа на возраста на жената. Но, научните истражувања сe повеќе укажуваат дека и возраста на таткото има значајна улога и за зачнувањето и за здравјето на идното дете.

Староста на таткото

Како староста влијае на машката плодност?

  • Квалитетот на спермата. Со текот на годините, бројот и подвижноста на сперматозоидите се намалуваат. Спермата може да има и повеќе оштетувања во ДНК структурата.
  • Хормонални промени. Тестостеронот постепено опаѓа, што влијае врз либидото и сексуалната функција.
  • Подолг пат до зачнување. Истражувањата покажуваат дека на паровите каде што мажот има над 40 години им треба повеќе време за да зачнат, во споредба со помладите.


Ризици за здравјето на детето

  • Генетски мутации. Кај постарите татковци е поголема веројатноста за појава на нови генетски промени кои можат да се пренесат на детето.
  • Развојни нарушувања. Неколку студии укажуваат на поврзаност помеѓу повозрасните татковци и зголемен ризик од аутизам или нарушувања во учењето.
  • Проблеми при бременост. Иако ризикот е помал во споредба со возраста на мајката, сепак постарите татковци може индиректно да влијаат на компликации во бременоста.


Позитивни аспекти на подоцнежното татковство

Не треба да се заборави дека многу постари татковци се поодговорни, финансиски стабилни и емотивно зрели. Ова создава сигурна средина за растење на детето, што е исто така значаен фактор за неговото здравје и развој.


Како да се намалат ризиците?

  1. Здрав животен стил преку балансирана исхрана, физичка активност и избегнување на алкохол и цигари.
  2. Медицински контроли односно проверка на хормоните и спермограм пред планирање на бременост.
  3. Генетско советување кое е особено корисно за парови каде таткото има над 40-45 години.
  4. Редукција на стресот. Психичката благосостојба исто така влијае на плодноста.


Староста на таткото навистина има влијание врз плодноста и потенцијалното здравје на детето. Тоа не значи дека татковството по 40-тата е ризично по дефиниција, но бара свесен пристап, здрави навики и медицинска поддршка. Со правилна грижа, можни се и успешно зачнување и здраво родителство без разлика на годините.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет