Денес налетав на објава од една мајка каде што имаше постирано како го дои своето дете во јавност една прекрасна група за доење чиј член сум и јас. На истата таа објава друга мајка имаше коментирано како таква слика не се става на друштвените мрежи
Иритирана од фактот што баш жена го искоментира тоа решив баш идентична слика да направам и јас.
А знаете ли зошто?
Затоа што сум згрозена од фактот дека жена, жена не подржува за работа што верувам и таа ја правела, прави или ќе ја прави.
И во некој претходен пост имав напишано дека доење во јавност апсолутно не е нешто од кое една мајка треба да се срами.
Како што ние јадеме во ресторан, сендвичара, на сред улица, така и детето има потреба од храна во случајов млеко. На некои бебенца тоа му е и единствена храна во тој период од нивниот живот.
И што срамно е да си го нахраниш своето бебе само поради тоа што ќе се најде некој "паметен" да суди како тоа било срамно и си ги извавала ц*****е на изволте.
Ма немој.
Јас на мојава слика, и сликата на мајката од постот гледам дете кое се храни,а ти ако гледаш друго е тоа е проблем, твој, не мој. Исто важи и за во ресторан, улица, плажа и слично.