cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Совршена, но исцрпена, замор од „да се биде сe“

На прв поглед изгледа дека сe е под контрола и работата, и семејството, изгледот, обврските, вашата насмевка. Однадвор изгледате совршено, одвнатре сте исцрпени.

Совршена, но исцрпена, замор од „да се биде сe“

Современата жена не се уморува од тоа што прави, туку од очекувањето и задоволување на тоа очекување да биде сè, секогаш и без пауза.

 

Невидливиот товар

Да се биде: посветена мајка, успешен професионалец во својата работа, емотивна партнерка, организатор на домот, негувана и смирена во исто време, без грешки, без жалби и без пауза е товар кој ретко се признава, а уште поретко се симнува.

 

Културата на „можеш сè“

Пораките што секојдневно ги добиваме се опасно мотивирачки: „Ако сакаш можеш.“, „Само организирај си го времето и активностите подобро.“, „Сите имаме исто време.“

Но реалноста е малку поинаква. Никој не може секој ден сè и тоа е сосема во ред.

 

Заморот што не се лекува со сон

Ова не е обичен замор. Ова е: ментална преоптовареност, емоционална исцрпеност и чувство дека никогаш не сте доволни. Така да дури и кога одмарате, вашиот ум не мирува. Затоа сонот не е доволен.

 

Зошто толку тешко си дозволуваме пауза?

Затоа што: се плашиме да не разочараме, мислиме дека одморот е слабост, затоа што сме научени дека вредноста доаѓа од продуктивноста. Но одморот е потреба и задолжителност.

 

Малите знаци дека сте на работ

-          Чувствувате постојан умор без јасна причина.

-          Се појавува раздразливост и чувство на вина.

-          Ја губите радоста во работите што порано ве исполнувале

-          Чувство дека сте „на автопилот“.

 

Како да излезете од улогата на „совршена“?

-          Дозволете си да не бидете сè. Понекогаш е доволно да бидете само присутни.

-          Поставете граници. Не мора секое барање да добие одговор „да“.

-          Побарајте помош. Самостојноста не значи самотија.

-          Редефинирајте ја успешноста. Успехот не е колку сте издржала, туку колку сте се зачувале.

 

Да се биде „совршена“ често значи да се биде невидливо исцрпена. Животот не бара совршенство бара присутност, здравје и автентичност. Светот нема да се распадне ако застанете, а вие нема да исчезнете ако одморите.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет