Совети за правилно користење цуцла кај бебиња
Цуцлата е една од најчестите алатки за утеха кај новороденчињата. Таа може да помогне при смирување, полесно заспивање и намалување на стресот, но за да биде безбедна и здрава за бебето, потребно е правилно користење.
1. Не брзајте, почекајте со воведување на цуцла
Најдобро е да се почека со цуцла сè додека не се воведе ред со доењето кое прилагодување вообичаено трае 3 до 4 недели.
Раното воведување може да влијае на техниката на доење.
2. Изберете ја соодветната големина
Цуцлата секогаш бирајте ја според возраста на бебето.
Таа треба да одговара на големината на устата на бебето и да биде со сертифицирани материјали, дозволени за употреба кај најмалите.
3. Чистете ја редовно
Цуцлата секојдневно мијте ја со топла вода и благ сапун.
Исто така редовно проверувајте дали има пукнатини или оштетувања каде што можат да се собираат бактерии.
4. Избегнувајте шеќер или мед
Никогаш не ја натопувајте цуцлата во шеќер или мед, за да се спречи кариес и стомачни инфекции.
5. Ограничете го времето на користење на цуцлата
Цуцлата треба да се користи кога сакаме да го смириме бебето и да му дадеме утеха и при спиење, но не постојано.
6. Следете ги сигналите на бебето
Ако бебето не ја прифаќа цуцлата, немојте да го присилувате. Некои бебиња едноставно не сакаат ги сакаат цуцлите.
7. Проверувајте го квалитетот
Материјалите од кои е изработена цуцлата треба да бидат BPA free и без токсични супстанции.
Правете периодична замена на цуцлата, на пример на секои 2 до 3 месеци или ако се оштети.
8. Постепено откажување
По 1 до 2 години од почнување со користење на цуцлата како додаток, почнете со постепено намалување на нејзината употреба.
Долготрајната употреба може да предизвика проблеми со забите или промени во непцата.
9. Без делење со други деца
Цуцлата е личен предмет и не треба да се дели, за да се намали ризикот од инфекции.
10. Не користете ја цуцлата како единствено и неопходно средство за утеха
Цуцлата е помошно средство, но не ја заменува љубовта, гушкањето и вниманието.
Утехата и мирот кој што го дава цуцлата, треба да доаѓа и од контактот и разговорот со бебето.
Цуцлата може да биде корисен пријател за бебето, но правилната употреба е клучна за неговата безбедност, здравје и правилен развој. Со навремено воведување, редовна хигиена и контрола, цуцлата ќе биде средство за утеха без негативни последици.





