cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Соор - инфекција на усната празнина

Инфекција на усната празнина или соор е многу честа појава кај бебињата.Неискусните родители промената на јазикот ја гледаат како остатоци од млеко во бебшката уста. Обично се губи за 7 до 10 дена и не се појавува дури до крајот на третиот месец.

Соор - инфекција на усната празнина

Причината за оваа појава лежи во неотпорноста на слузницата и намалување на влажноста на усната празнина која има заштитна улога, а се регулира по третиот месец од животот на бебето. Неопходно е лекување, во спротивно може да доведе до намалување на апетитот и одбивање да цица. Причинител е габичната инфекција candida albicans која насекаде е распространета. 

 

Постои во два облика:

    - физиолошки, кој е нормален: живее во цревата  и учествува во процесот на  метаболизмот

    - патолошки:  за брзо време доведува до  инфекција. 

     

Бебињата најчесто се заразуваат при породувањето, за време на поминувањето низ породилните  патишта. Кандидата се пренесува и преку допир, па многу е важна хигиената  на рацете на мајката. Влажна, надразнета и претходно воспалена кожа од пеленски осип претставува погодно место за кандидата, што дополнително го влошува пеленскиот осип.  

 

Соор во суштина  лесно се лекува со локална употреба на одредени капки за 15 дена, доколку така одлучи педијатарот. Лекувањето е поуспешно доколку пред соодветниот лек наслагите се поминат со стерилна газа претходно натопена во превриена вода во која има растворено сода бикарбона.  

 

Доколку инфекцијата  се пренесе на брадавицата на мајката  додека го дои бебето, треба да нанесе антимикотик локално, по препорака  на доктор. 

 

Како во устата, така често се случува и воспаление на кожата, односно газето, а причинител е истата кандида. Појавата на пеленскиот осип се задржува и поради влажноста и топлината од пелените, како и привремена слабост на одбрамбениот механизам на бебето. Урината и столицата дополнително и помагаат на кандидата за нејзино одржување. 

 

Од подрачјето околу аналниот отвор, кандидата лесно се шири накај препоните, надворешните полови органи и газето така што предизвикува инфекција со воспаление и црвенило. Основна превенција е често менување на пелените, особено во првите месеци од животот. Често миење на газето, едно десетина минути да се остави бебето без пелена и на крај да се намачка газето со крема која штити од  влажност и развој на бактерии. 

 

Доколку бебето пие адаптирано млеко, шишето и цуцлите  да се вријат редовно. 

И секогаш мора да се обрати внимание на хигиената  на рацете. 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет