cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Соопштение за јавност!

Шестгодишно девојче кое боледува од церебрална парализа лекувано со сопствените матични клетки од крв од папочна врвца

Соопштение за јавност!

 

 

Пред шест години, брачен пар од Португалија, на раѓањето на својата ќерка,  одлучил да ги зачува матичните клетки од крвта на нејзината папочна врвца. Болното девојче оваа недела беше лекувано во САД со нејзините зачувани матични клетки. Трансплантацијата со автологни (сопствени) матични клетки, која се користи во низа клинички студии во изнаоѓање по решенија за растечки број на заболувања, е медицинско чудо кое веќе преминува во редовна употреба.

Одлуката на парот да ги зачува матичните клетки на нивната ќерка, денес може целосно да и го смени животот. Девојчето боледува од неизлечлива болест: церебрална парализа, мозочно заболување кое доведува до голем број на проблеми, вклучувајќи растројства во движењето, тресење на екстремитетите,  спастичност, напади или епилепсија, развојни проблеми, проблеми во учењето и тн. Децата со церебрална парализа имаат потреба од посебна едукација. Сеуште не постои соодветен третман за ова заболување, кое се јавува кај мали деца и само во САД, боледуваат скоро половина милион луѓе.

Револуционерно лекување на церебралната парализа со сопствените матични клетки!

Девојчето од Португалија во моментов е на третман со сопствените матични клетки од папочна врвца на Дуке универзитетот во САД. Се работи за едноставна и безбедна постапка со која пациентот ги добива сопствените матичните клетки по интравенски пат. Девојчето ја добило првата трансфузија со сопствени матични клетки на почетокот на оваа недела. Ваквата терапија со сопствени “автологни” матични клетки досега има покажано добри резултати кај неколку предходно третирани деца.

Лекарите од универзитетот Дуке ги лекуваат децата со церебрална парализа кои имаат зачувано матични клетки од нивната папочна врвца во рамки на клиничка студија.

Голем број на различни заболувања се лекувани со автологни матични клетки

Cryo-Save, водечка семејна банка за матични клетки, моментално има зачувано 175, 000 примероци на крв и ткиво од папочна врвца како и масно ткиво. Сите овие ткива се богати со матични клетки, кои нудат огромен потенцијал за лекување на досега неизлечливи болести. Ваквиот развој на настаните го радува Arnoud van Tulder, CEO на Cryo-Save: ” Ние се гордееме дека можеме да помогнеме во подобрувањето на квалитетот на животот на малото девојче. Јас сум задоволен што гледам дека се поголем број на заболувања сега се лекуваат со автологните матични клетки. Ова нуди многу надеж за голем број семејства. Примероците зачувани во Cryo-Save ги исполнуваат сите највисоки стандарди за терапевтски производи поставени од страна на болниците. Квалитетот во собирањето, транспортот, процесирањето и зачувувањето на матичните клетки секогаш бил и ќе биде наш најголем приоритет.”                                                                 

*** 

Со повеќе од 175 000  зачувани примероци, Cryo Save е водечка банка за матични клетки во Европа и една од најбрзо растечките во светот.  Водена од својата интернационална бизнис стратегија, Cryo Save денес е застапена во 40 земји на три континенти со високо технолошки опремени капацитети во Белгија, Германија, Дубаи, Индија и Франција.   
 


За дополнителни прашања: 

Би- МЕК, ексклузивен претставник на  Cryo-Save во Р.Македонија  тел.  02 3296 990

 

Информации за оваа клиничка студија од областа на церебрална парализа на Duke U:

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет