Соодветни мача рецепти за бремени жени

Мача чајот е познат по антиоксидансите, нежната енергија и смирувачкиот ефект. Но, кога сте бремена, секој избор заслужува дополнително внимание. Добрата вест е дека мачата може да се консумира во умерени количини, со правилен избор и подготовка.

Соодветни мача рецепти за бремени жени

Мача во бременост. Што треба да знаете?

Мачата содржи кофеин, но помалку од кафе. Има L теанин, аминокиселина што дава смирена енергија. Богата е и со антиоксиданси.

Се препорачува максимум ½ лажичка дневно, но не на празен стомак и треба да се избегнува да се консумира навечер.

Секогаш избирајте органска, кулинарска или традиционална мача со проверено потекло.

 

Безбедни и вкусни мача рецепти за бремени жени

1. Нежно мача лате (без шеќер)

Состојки:

  • ½ лажичка матча,
  • 200 мл. топло растително млеко (бадемово, овесно),
  • прстофат цимет (по желба).

Подготовка:
Мачата измешајте ја со малку топла вода, па додајте загреано млеко. Напитокот е лесен со смирувачко дејство.

Добар е за утринска рутина бидејќи е поблага алтернатива на кафе.

 

2. Мача смути за енергија

Состојки:

  • ½ банана,
  • ½ лажичка мача,
  • 1 чаша бадемово млеко,
  • 1 лажица овесни снегулки.

Подготовка:
Сè изблендирајте додека не добиете кремаста текстура.

Ова смути е богато со влакна и е погодно за консумирање како втор подоцнежен појадок.

 

3. Мача со мед и лимон (топол напиток)

Состојки:

  • ½ лажичка мача,
  • топла вода (не врела),
  • 1 лажичка мед,
  • неколку капки лимон.

Овој напиток е освежувачки и добар за имунитетот. Медот додајте го кога напитокот е млак.

 

4. Мача во овесна каша

Состојки:

  • варена овесна каша,
  • ¼-½ лажичка мача,
  • банана или јаболко,
  • малку јатки.

Ова е одличен начин да се внесе матча со храна. На ваков начин поспоро се ослободува кофеинот.

 

Што да избегнувате?

-          мача со многу шеќер.

-          консумирање повеќе од една порција дневно,

-          комбинирање со кафе,

-          мача со додатоци и „детокс“ мешавини

 

Кога да бидете особено внимателни?

  • Ако имате анемија мачата може да ја намали апсорпцијата на железо.
  • Ако сте чувствителни на кофеин.
  • Ако имаш препорака за целосно избегнување кофеин.

Во тие случаи консултацијата со лекар е најдобра опција.

 

Мачата може да биде нежен, топол ритуал и во бременост, ако се консумира паметно и умерено. Квалитетот, количината и начинот на подготовка се клучни.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет