Снешко од чорапчиња
Инструкции - како да изработите играчка дома

Помогнете ни заедно да влијаеме во изградба на подобро општество и да ги израдуваме болните дечиња за време на Новогодишните празници.
ГРАМ ЉУБОВ за ТОН ЗДРАВЈЕ |
Потребен материјал:
- бел чорап (или бебешки хулахопки)
- пар шарени чорапи
- памук или молтотекс
- ленти или стегачи за коса
- копчиња
- ножици
- лепило
Засукајте го белиот чорап и наполнете го со памук или молтотекс. Оформете го така да добие изедначена форма. Кога ќе го наполните до половина подврзете го со лента или стегач.
Наполнете го и другиот дел со тоа што ќе биде помал од првиот дел и ќе претставува глава на снешкото. Подврзете го и тој дел.
Околу вратот на снешкото врзете едно чорапче кое ќе биде шал, а на главата ставете го другото чорапче кое ќе биде капа на снешкото.
Залепете копчиња за очи и нос. За да го украсите телото употребете цветчиња, или други декорации од стари алишта. Можете да ставите и копчиња.
Подарете го снешкото како прегратка на некое болно детенце.
Имате идеја за изработка на играчка? Споделете ја со читателите на Рингераја! Фотографирајте го Вашето дело чекор по чекор и испратете го на нашата адреса glaven.urednik@ringeraja.mk |