cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Следење на овулација – исцедок од вагина (цервикален секрет)

Како да го пратите природниот циклус на жената и да ги одредите плодните денови со помош на исцедок од вагината?

Следење на овулација – исцедок од вагина (цервикален секрет)

Промените во количината и структурата на цервикалниот секрет се едни од важните показатели на овулацијата, поточно фази на вашиот циклус. Овие промени настануваат како последица на промената на нивото на естроген во организмот.

Методот на пратење на структурата и количината на слузта нема нападна природа. Од вас само се бара секретот кој излегол од вагината да го избришете со тоалетна хартија, да го земете со два прста (на пр. со казипрстот и палецот) и да се обидете да го развлечете како мастика. За некои жени ова е незамисливо, бидејќи не се воспитани во тој дух, “да пипаат таму долу” , но тоа е природен и прекрасен метод со кој жената го запознава сопственото тело и начинот на кој тоа функционира.

На почеток на циклусот (менструацијата и веднаш по неа) цервикалниот секрет е сув, матен, густ, леплив и малку го има. Како се приближува овулацијата , цервикалниот секрет станува влажен, бел, полеплив и лесно пука помеѓу прсти.

Пред самата овулација, количината на цервикален секрет значајно се зголемува, станува бистар, влажен и многу растеглив (често се споредува со изгледот на свежа белка од јајце). Една од неговите најважни задачи е да им  олесни влез на сперматозоидите во матката. Последниот ден на овој исцедок, жената е најплодна- тогаш настапува овулација и шансите за зачнување се големи. Во овој период, сперматозоидите можат да преживеат и до 72 часа во цервикалниот секрет, што е најдолг период на нивниот живот.

По завршување на овулацијата, количината на исцедокот пак се намалува и тој повторно станува густ и леплив.

 Дел од циклусот

Количина на секрет

 Структура на секретот

Почеток на циклусот (за време на менструацијата и веднаш по неа)

малку

 

Сув, густ, матен, леплив и не се растегнува

Околу овулацијата (се приближуваат плодните денови)

 

 многу

Бистар, мазен, леплив, растеглив како свежа белка од јајце

 По овулацијата (по плодните денови)

малку

Густ, леплив, не се растега

 

 

 

Најдобар начин да се пратат промените во количината и структурата на цервикалниот секрет е да се запишуваат од ден на ден, за време на неколку циклуси. Така ќе имате најдобар преглед на вашите плодни денови.

Дополнителни информации
 
Посетете го нашиот Календар на овулација

И прочитајте повеќе за Пратење на овулацијата и плодните денови

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет