Сите болни деца ќе добијат играчка од Рингераја
Потребно е само желба и малку време за да се предизвика детска насмевка. Ова го научија учениците од основното училиште „ Кирил и Методиј“, кои заедно со своите родители се вкучија во акцијата „Прегратка на дар“, организирана од Рингераја.
Хуманата акција има за цел да ги научи децата да направат играчки со кои ќе ги израдуваат децата, кои за новогодишната ноќ ќе бидат во болница.
Со многу љубов ги изработија, а со топли желби ќе ги испратат. На своите другарчиња им посакуваат да оздрават побрзо.
Во изработката на играчките кои ќе значат прегратка на дар, учествуваа и родителите.
Од Рингераја пристапија со целата енергија и со огромна љубов. Задоволни од текот на настаните, во исчекување да предизвикаат што повеќе детски насмевки.
За сите болни дечиња ќе има играчка.
Вклучете се и вие во оваа хумана акција. На сајтот на Рингераја можете да ги видите деталите како да направите играчка која ќе израдува болно детенце.
Покровител на акцијата "Прегратка на Дар" е HealthAid – BabyVit. Акцијата е поддржана и со грант од програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC. |