Силна жена
Ти силна жено, колку болки, колку ножеви те распараа, жено? Колку ли страдања преживеа жено? Еј, ти жено...

Ти...ти жено, ти..
Какво ли срце имаш ти?
Каква ли душа имаш ти?
Ти жено, што те знам,
те познавам.
Ти силна жено,
колку болки,
колку ножеви те распараа, жено?
Колку ли страдања преживеа жено?
Еј, ти жено...
Толку ли си цврста и силна,
колку што си и милна?!
Ти жено,
што те знам и познавам,
или можеби,
се уште те спознавам.
Дали е тоа храброст или цврстина?
Или тивко во мракот, во тишината,
ти жено ја смируваш душата?
Кој знае?
Твојата насмевка е
прекрасна и волшебна,
исто колку и тагата,
длабоко во твоите очи.
Борбена и цврста си ти жено,
мајка, пријателка...
Жена со меко срце и душа,
кој секој може да го слуша,
да го стопли и бодри,
како неа,
да се бори и да не падне,
кога и мора.
Какви ли си ти жена?!
Какво ли срце и душа имаш?!
Еј ти жено,
моја водилка и бодрилка,
ти мајко моја,
со душа и срце
во единствена боја.
Да бидеш автор е лесно! Автор може да биде секој! Секој кој чувствува, секој кој љуби, секој кој тагува, секој кој безмерно се радува... Прочитај како и ти да станеш автор во текстот Станете автор на Рингераја |