Што треба да знаете кога ќе дојдете дома со бебето

Кога ќе добиете нов член во семејството, сосема еочекувано да имате безброј прашања за тоа како е да себиде родител и како, на најдобар начин, да се грижите за вашето новородено дете, особено во првите неколку недели или месеци

Што треба да знаете кога ќе дојдете дома со бебето

 

Облекување и просторија
OO се препорачува комотна и памучна облека;
OO пожелно е користење на пелени за еднократна
употреба;
OO просторијата каде што престојува детето треба
да биде светла, често да се проветрува, а
температурата треба да биде околу 22 - 23
Целзиусови степени;
OO треба да се избегнува претоплување на детето;
тоа може да доведе до поспаност, плачливост,
вознемиреност, потење и исипување на нежната
детска кожа;
OO во просторијата каде што престојува новороденото
дете НЕ треба да се пуши;
OO детето НЕ треба да биде изложено на провев или
директно на клима уред.

Облекување и просторија

- се препорачува комотна и памучна облека;

- пожелно е користење на пелени за еднократнаупотреба;

- просторијата каде што престојува детето треба да биде светла, често да се проветрува, а температурата треба да биде околу 22 - 23 Целзиусови степени;

- треба да се избегнува претоплување на детето;тоа може да доведе до поспаност, плачливост,вознемиреност, потење и исипување на нежната детска кожа;

- во просторијата каде што престојува новороденотодете НЕ треба да се пуши;

- детето НЕ треба да биде изложено на провев или директно на клима уред.

 

ВАЖНО

Во овие први денови, кога за вас и за вашето дете е се ново, потпрете се на подршката која може да ви ја даде вашата реонска патронажна сестра. Таа ќе ви помогне при првото бањање, ќе провери дали средината во која престојува детето е поволна и безбедна, може да ви даде совети за исхрана и хигиена и да ви помогне во одржување на хигиена на папчето. Послушајте ги советите на патронажната сестра, искористете го нејзиното знаење и искуство и прашајте ја се што ве интересира.

Имајте го при рака телефонот на патронажната сестра и на матичниот лекар кој се грижи за вашето дете и побарајте совет секогаш кога имате било каква дилема во врска со негата и исхраната на вашето дете.

 

Капење

- температурата на просторијата во која се капи детето треба да биде меѓу 24 и 26 Целзиусови степени;

- температурата на водата за капење треба да биде околу 37 Целзиусови степени;

- на почеток, додека не се засуши папочето, препорачливо е влажно пребришување со памучна крпа или капење на проточна вода. По засушувањето и комплетното затворање на папочето, новороденото детето може да се капи и во кадичка;

- Секојдневно капење не е неопходно – честото капење ја суши кожата на детето, а употребата на сапуни и шампони ја намалуваат природната влажност на кожата;

- избегнувајте употреба на разни хемикалии за бањање и премачкување на кожата. Кожата на детето е осетлива и добро е во првите денови да се ослоните на чиста вода или колекција за чувствителна детска кожа

- времето за капење е избор на мајката и на другите членови од семејството, во зависност од организираноста и објективните можности;

 

Не пропуштајте да ги измиете рацете пред било каква манипулација со детето. Новороденчињата немаат развиен одбрамбен систем и тие се многу подложни на инфекции вклучително и инфекции на кожата. Погрижете се сите кои имаат директен контакт со детето да ги измијат рацете пред тоа;

Пред да започнете со капењето на детето, подгответе се што е потребно и поставете се во близина (пешкир или бањарка, чисти пелени и облека за пресоблекување на детето);

Никогаш не го оставајте детето само во кадичката;

Додека детето се капе, се препорачува да му се пее и да му се зборува, а капењето треба да биде пријатен чин како за детето,

така и за целото семејство.

 

 

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет