cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Природен избор за мирен сон на вашите малечки

Нема ништо поскапоцено од мирен сон за нашите најмaли, кој е основа за здрав раст и развој кај бебињата, обезбедувајќи им ја потребната енергија за секојдневните активности и поттикнувајќи го нивниот ментален и емоционален развој

Природен избор за мирен сон на вашите малечки

Сепак, важноста на сонот не се одразува само на благосостојбата на бебето – редовниот сон е подеднакво важен и за родителите. Недостатокот на сон може негативно да влијае на физичкото и менталното здравје на родителите, намалувајќи ја нивната способност да се справат со предизвиците на родителството. За среќа, Nutrino ги претставува производите Sleep Well кои се идеално решение за вечерен оброк, кој потпомага мирен сон и за бебињата и за родителите.

Како до мирен сон? Совети за воспоставување рутина

    1. Најдете идеално место за спиење: Исто како што возрасните претпочитаат удобен кревет за добар сон, на бебињата им треба удобно катче за да се чувствуваат целосно опуштено и безбедно. Важно е да му обезбедите на бебето чисто, топло и удобно место за спиење. Пронаоѓањето на вакво идеално место може да биде предизвик, но кога бебето се чувствува удобно и безбедно, сигурно многу полесно ќе заспие и ќе спие цврсто без да се разбуди во текот на ноќта.

    2. Смирувачки звуци: Бебињата се навикнати на звуци од мајчиниот стомак, како што се чукање на срцето или тивки звуци. Наместо целосна тишина, бебето најверојатно ќе се смири со нежни звуци, како што се тивка музика, нежно шушкање или мелодии кои ја имитираат природата, како што се звукот на брановите и благ ветар. Мелодичните тонови, кои го радуваат вашето бебе, може да помогнат да се создаде релаксирачка атмосфера што го олеснува заспивањето

    3. Воспоставување на ефективна дневна рутина: Развојот на дневна рутина е клучен за воспоставување на здрави навики за спиење кај бебињата. Редовните активности во исто време секој ден му помагаат на бебето да направи разлика помеѓу денот и ноќта, што позитивно влијае на здравиот сон. Осознавањето на разликите помеѓу денот и ноќта го поттикнува природниот биоритам на бебето и го олеснува спиењето во текот на ноќта

    4. Квалитетен избор на последен оброк за мирен сон: Од клучно значење е изборот на последниот оброк што ќе им го дадеме на нашите малечки. За време на спиењето, телото на бебето е, исто така, активно и троши енергија, па затоа изборот на висококвалитетни и нутритивно богати состојки за последниот оброк во денот е многу важен за да се задоволат сите потреби на бебето додека спие.

     

1

 

Nutrino Sleep Well – клучен фактор за здрав сон

Експертите од Nutrinо создадоа специјални Sleep Well рецепти за вечерни оброци од внимателно избрани лесно сварливи состојки кои обезбедуваат ситост и ги содржат сите хранливи материи потребни за мирен сон на бебето. Оваа ноќна линија е составена од три категории, секоја со свои уникатни карактеристики:

Млекца: Млекацата Nutrino се течни житни кашички од млеко полно со влакна, кои му даваат на бебето чувство на ситост и го продолжуваат сонот. Овие кашички се подготвени за употреба и содржат инулин, кој го поддржува здравиот дигестивен систем на бебето.

Каши: Сувите житни каши Nutrino Sleep Well доаѓаат во две вкусни комбинации од житарки со бисквит и гриз со банана, богати се со витамини, минерали, железо и инулин, кои се неопходни за раст и развој на бебето. Овие каши се во практично пакување, кое ја зачувува свежината и овозможува брза и лесна подготовка за секој оброк.

Теглички: Млечните кашички Nutrino во теглички обезбедуваат хранлив оброк богат со протеини и влакна, кој придонесува за здрав раст и развој на бебето. Спакувани се во практични теглички со термособирачка фолија, која ја зачувува свежината на кашичката.

 

2

 

Брендот Nutrino е ценет меѓу родителите како супериорна храна за деца која поддржува здрав раст и развој. Производите на Nutrino доаѓаат во модерно пакување со елегантен дизајн и се приготвени според стручен рецепт. Кашите Nutrino се лесни за подготовка, идеални за употреба во домашни услови или на кое било друго место. Дополнителна придобивка е што самата подготовка не одзема многу време, им овозможува на родителите да поминуваат квалитетно време со своите деца, а притоа да имаат чувство на сигурност бидејќи на своите малечки им обезбедуваат квалитетна храна создадена преку строг процес на контрола на квалитетот.

Изборот на вистинска и висококвалитетна исхрана, која ќе им овозможи на вашите малечки мирен сон, е предизвик за секој родител. Сепак, Nutrino нуди многу практично и вкусно решение, создавајќи посебен дел од својот асортиман – Nutrino Sleep Well – ноќна линија на производи кои се идеални за вечерниот оброк на малечките, обезбедувајќи им ги сите потребни хранливи материи и одржувајќи ги сити во текот на целата ноќ.

Со Nutrino, вечерните оброци станаа вистинско задоволство за малечките и родителите, како и клучен фактор за обезбедување на потребниот одмор и мирен сон за целото семејство. 

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет