Што се случува за време на породување? Чекор по чекор
Породувањето е природен, но сложен процес кој се одвива во неколку фази. Секоја жена го доживува различно, но медицински гледано, постојат јасни чекори низ кои телото поминува за да дојде до раѓање на бебето.
1. Латентна (рана) фаза на породување
- Во оваа фаза почнуваат благи, нередовни контракции, а грлото на матката постепено се омекнува и скратува.
- Во оваа фаза се јавуваат болки слични на менструални и непредвидлив ритам на контракции.
- Ова трае неколку часа до неколку дена особено кај прво породување.
2. Активна фаза на породување
- Во оваа фаза контракциите стануваат редовни и посилни и грлото на матката се отвора до околу 10 cm.
- Се чувствува интензивна болка која се засилува и има потреба за фокус и техники на дишење.
- Медицинскиот тим во оваа фаза дава поддршка со дишењето и позициите.
3. Транзициска фаза (најинтензивна)
- Во оваа фаза е последното отворање на грлото на матката и бебето се спушта подлабоко.
- Се чувствуваат и најсилни и најчести контракцииЗамор, притисок, емотивни промени.
- Ова е најкратката, но најинтензивна фаза.
4. Фаза на истиснување (раѓање на бебето)
- Во оваа фаза мајката активно турка со контракциите и бебето поминува низ породилниот канал.
- Тогаш се чувствува огромен притисок и олеснување помеѓу контракциите.
- На крајот на оваа фаза доаѓа со раѓање на бебето.
5. Раѓање на плацентата
- Плацентата се одвојува и излегува, а матката продолжува да се контрахира.
- Се спречува крварење и се завршува процесот на породување.
6. Прв контакт мајка бебе
- Се случува првиот контактот кожа на кожа.
- Се случува прво доење ако е возможно.
- Се стабилизира бебето.
Овој момент е важен за врзување и емоционална поврзаност.
Породувањето не е еден момент, туку процес од повеќе фази, од првите контракции до првата средба со бебето. Иако може да биде интензивно и непредвидливо, секоја фаза има своја улога во создавањето на нов живот.





