Што откриваат боите на овошјето и зеленчукот
Овошјето и зеленчукот содржат силни пигменти, витамини, минерали и природни хранливи влакна, неопходни за нашето здравје. Своите прекрасни бои ги добиваат од растителните пигменти кои се доволно моќни да ги заштитат човековите клетки од оштетување

Секако тие носат и многу други бенефиции за нашето здравје.
Повеќе бои = повеќе години живот
Една од причините зошто треба да ги наполниме чиниите со разнобојно овошје и зеленчук се токму овие пигменти. Со еден збор, колку повеќе бои во вашата чинија, толку повеќе години живот. Природните пигменти на овошјето и зеленчукот му помагаат на организмот да се заштити од многубројни болести.
Какво значење имаат различните бои на овошјето и зеленчукот за нашето здравје?
Црвени плодови
Црвената боја во доматите, црвениот портокал, лубеницата и сливата го намалува ризикот од срцеви заболувања, рак на простата и други типови на карцогени заболувања.
Доматите содржат вид на каротеноид, наречен ликопен - антиоксидант што помага во намалувањето на инфламацијата, особено оној вид што е директно поврзан со појавата на срцеви заболувања.
Истражувањата покажуваат дека консумирањето овошје и зеленчук богати со ликопен, го намалува ризикот од срцеви заболувања и настанувањето на некои видови канцер, како на пример рак на простата.
Жолти и портокалови плодови
Овошјето и зеленчукот со жолто/портокалова боја, како тиква, грејпфрут и портокали, се богати со Витамин Ц, што е силен антиоксидант, многу битен за здравјето на зглобовите и кожата, како и за здрав имунитет. Жолтото цитрусно овошје содржи состојки наречени лимоноиди, кои го заштитуваат организмот од некои видови карцогени заболувања. Жолтата боја во пченката заштитува од слепило и намалување на видот во подоцнежните години.
Кората и пулпата од портокалот содржат флавоноид наречен хесперидин што го намалува крвниот притисок на природен начин. Портокаловата боја во слаткиот компир и морковот, ја спречува појавата на срцеви заболувања со тоа што го намалува холестеролот и го намалува ризикот од срцев удар.
Жолтите и портокаловите плодови се извор на каротиеноиди
Овие зеленчуци содржат каротеноиди познати како алфа и бета-каротен. Бета-каротенот е антиоксидант особено битен за здрав имун систем и добар вид. Дел од бетакаротенот преминува во друг антиоксидант-витамин, витамин А. Алфа и бета-каротенот исто така се битни и за нормално растење на клетките и остварување на меѓусебна клеточна комуникација, дури може и да го контролира абнормалното растење на клетките, што значи помага во намалувањето на ризикот од појава на некои видови карцогени заболувања.
Зелени плодови
Зелениот зеленчук и темно-зелената салата се најверојатно најмоќното природно оружје против карцогените болести. Тие се богатисо антикарцогени состојки, коишто го детоксифицираат црниот дроб и ги уништуваат состојките кои придонесуваат во формирањето на различни видови канцер.
Моќните состојки на зеленото овошје и зеленчук го регулираат и нивото на естрогенот кај жените.
Зелената салата содржи Витамин К и го намалува ризикот од срцеви заболувања како и ризикот од остеопороза. А некои зелени зеленчуци содржат и лутеин којшто го намалува ризикот од губење на видот.
Сини и виолетови плодови
Виолетовата боја на грозјето го заштитува организмот од срцеви заболувања.
Темно виолетовиот пигмент кај капината и темно црвениот пигмент кај јагодата, малината и црвено/виолетовата зелка содржат црвено-виолетови пигменти- антиоксиданти кои го заштитуваат организмот од инфламација, од некои карцогени заболувања и се особено битни за здравјето на мозокот и очите.
Затоа и се препорачува конзумирање на овој вид овошје и зеленчук, при лекување на дегенеративни болести на мозокот поврзани со предвремено стареење и губење на меморијата
Сини и виолетови плодови
Сино/виолетовата боја кај боровинките помага при заштита од губење на меморијата и ги заштитува моторните функции со текот на стареењето, како и заштитува од карцогени и срцеви заболувања благодарение на силните антиоксиданти.
Оброк во боите на виножитото
Збогатете ги вашите оброци со храна како јагоди, боровинки, капини, малини, цвекло, модар патлиџан, аронија, црвено вино, и слично.
Фитонутриентите во овошјето и зеленчукот се доволно моќни да се борат против слободните радикали и други непријатели на организмот. За максимална заштита на организмот од болести како кардиоваскуларни, карцогени и невродегенеративни болести, наполнете ги вашите чинии со овошје и зеленчук од сите бои на виножитото.
За крај - секогаш избирајте свежa и природна храна
Секогаш кога сте во можност изберете свежи продукти од чиста, органска средина.
Јадете храна од природата во изобилие, која не само што изгледа прекрасно туку и го прави вашиот оброк неодоливо вкусен.
нутриционист