cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Што не треба да правите при повреда кај дете? Најчести грешки што можат да ја влошат состојбата

При повреда кај дете, првата реакција на возрасните често е водена од паника или застарени совети. Одредени постапки, иако со добра намера, можат да ја влошат повредата, да го зголемат ризикот од компликации или да го одложат соодветното лекување.

Што не треба да правите при повреда кај дете?

Познавањето на најчестите грешки е клучно за безбедна и правилна прва помош.

 

1. Не паничете и не викајте

Детето ја „чита“ вашата реакција.
Ако сте вие вознемирени детето ќе се исплаши уште повеќе со што болката ќе се доживее поинтензивно и ќе биде потешко детето да се смири

Вашата смиреност и присуство се првиот чекор кон помош.

 

2. Не ја игнорирај повредата со „ништо не е“

Фрази како „Ајде, не плачи“ и „Не е ништо, престани“, можат да ја потценат болката, да го натераат детето да ја сокрие состојбата и да доведат до игнорирање на сериозна повреда

Подобро е да кажете: „Тука сум, ќе видиме што се случило.“

 

3. Не нанесувајте мраз директно на кожа

Честа грешка е ставање коцки мраз директно на повредата може да предизвика: смрзнатини и дополнителна иритација. Ако веќе користите мраз секогаш завиткајте го во крпа и користете го кратко на пример 10 до 15 минути.

 

4. Не користете домашни „рецепти“ на отворена рана

Никогаш не ставајте паста за заби, кафе, масло, ракија или алкохол. Овие работи можат да ја инфицираат раната и да го забават заздравувањето. Раната се чисти со чиста вода и се заштитува со стерилна газа.

 

5. Не ја поместувајте повредената област ако се сомневате на скршеница

Ако детето не може да ја помрдне раката или ногата, чувствува силна болка и има оток или деформација, не обидувајте се да ја наместите и не го терај да се движи, туку веднаш побарајте медицинска помош.

 

6. Не давајте лекови на своја рака

Никогаш не давајте лекови за болка без соодветна доза, лекови за возрасни или комбинации на сирупи. Секогаш следете ја препораката од педијатар или упатството според возраста и тежината.

 

7. Не ја оставајте повредата без следење

Дури и ако изгледа мала, внимавајте на: зголемување на отокот, црвенило, температура и промени во однесувањето. Некои симптоми се појавуваат со задоцнување.

 

8. Не го засрамувајте детето

Реченици како „Сам си крив“ и „Што бараше таму?“ можат да предизвикаат чувство на вина и страв да каже кога е повредено. Повредата е момент за поддршка, не за лекција.

 

9. Не одложувајте лекар ако нешто те загрижува

Интуицијата на родителите е важна. Ако нешто не ви изгледа во ред подобро е да се направи преглед отколку да се задоцни со реакција.

 

При повреда кај дете, смиреноста, разумот и информираноста се најважни.
Најчестите грешки се прават од страв, не од негрижа, но тие можат да имаат последици.

Понекогаш најдобрата помош е да застанете, да дишете длабоко и да постапите внимателно.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет