cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Што е синдром на полицистични јајници (PCOS)?

PCOS е хормонално нарушување кај жени во репродуктивна возраст, кое предизвикува нерамнотежа на хормоните и го нарушува менструалниот циклус, функцијата на јајниците и општото здравје.Кои се симптомите?

Што е синдром на полицистични јајници (PCOS)?

Симптомите може да се разликуваат, но најчести се:

  • Нередовни менструации (предолги циклуси или целосно отсуство)
  • Полицистични јајници – ултразвучно се гледаат мали, незрели фоликули („цисти“)
  • Зголемена влакнатост (на лице, брада, стомак)
  • Акни и масна кожа
  • Проблеми со плодност – потешкотии при забременување
  • Зголемување на телесна тежина или тешкотии при слабеење
  • Потемнета кожа во некои делови од телото (врат, пазуви)

Што го предизвикува PCOS?

Точната причина не е позната, но постојат неколку фактори:

  • Генетика. Синдромот на полицистични јајници (PCOS) често се јавува кај жени од иста фамилија, што укажува на можен генетски предиспониран фактор. Истражувањата покажуваат дека наследноста игра значајна улога во развојот на состојбата.
  • Инсулинска резистенција. Кај многу жени со полицистични јајници, телото не го користи правилно инсулинот – хормонот што помага глукозата да влезе во клетките. Ова води до инсулинска резистенција, што предизвикува покачени нивоа на инсулин во крвта. Високиот инсулин може да придонесе за хормонален дисбаланс и зголемено лачење на андрогени (машки хормони), што дополнително ги влошува симптомите на PCOS.
  • Хормонален дисбаланс. Жените со полицистични јајници често имаат зголемено ниво на тестостерон и други машки хормони (андрогени). Овој хормонален дисбаланс може да предизвика симптоми како појава на вишок влакна по телото (хирзутизам), акни и проблеми со менструалниот циклус.

Ако не се третира овој проблем може да доведе до:

  • Дијабетес тип 2
  • Проблеми со срцето и притисок
  • Неплодност
  • Депресија и анксиозност
  • Зголемен ризик од рак на ендометриумот (сливницата на матката)

Како се дијагностицира?

  • Разговор и медицинска историја
  • Гинеколошки преглед
  • Хормонални анализи
  • Ултразвук на јајниците

Третман и начин на живот

Нема „лек“, но симптомите можат успешно да се контролираат:

  • Здрава исхрана и контрола на телесната тежина
  • Редовна физичка активност
  • Лекови за регулирање на хормоните (анти-бебе таблети, метформин итн.)
  • Специјален план за забременување, ако е потребно.

PCOS е честа, но контролирана состојба. Раната дијагноза и поддршката од гинеколог и нутриционист можат значително да го подобрат квалитетот на животот. Не игнорирај симптоми – телото секогаш зборува, важно е да го слушнеме.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет