cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Што да очекувате во првите 24-72 часа по породување?

Првите денови по породувањето се период на големи промени, телото се опоравува, хормоните се менуваат, а започнува и новиот ритам со бебето. Ова е сосема нормален, но често интензивен период.

Што да очекувате во првите 24-72 часа по породување?

1. Физичко закрепнување

Во првите 24 до 72 часа, телото почнува да се враќа во состојба пред бременоста.

Може да почувствувате:

  • грчеви во долниот дел од стомакот бидејќи матката се собира,
  • замор и слабост,
  • болка во перинеумот особено ако имало шевови,
  • чувствителност во телото.

Овој процес е дел од нормалното закрепнување по породувањето.

 

2. Крварење (лохии)

Нормално е да има вагинално крварење кое е поинтензивно во првите денови со црвена боја, а потоа постепено се намалува. Ова е начин телото да ја исчисти матката.

 

3. Хормонални промени

По породувањето, хормоните нагло се менуваат. Ова може да влијае на: расположението, да биде изразено чувството на плачливост, анксиозност или емоционален ролеркостер.

 

4. Почеток на доење

Ако доите бебето ќе сака често да цица, градите може да бидат чувствителни бидејќи се стимулира создавање на млеко.

Ова е важен период за воспоставување лактација.

 

5. Сон и замор

Во првите 72 часа сонот е прекинат поради честите будења и се зголемува чувството на исцрпеност. Искористете го времето кога бебето спие да се одморите и вие.

 

6. Емоционални промени

Во овој период чувствителноста е супер развиена, па можете да почувствувате силна радост, а следниот момента плачливост без причина. Ова често е почеток на т.н. бејби блуз, што е нормално и привремено.

 

7. Грижа за себе

Важно е да јадете редовно и балансирано, да внесувате доволно вода, да одмарате колку што е можно и да се прифати помош од партнерот и семејството.

 

Кога да се побара помош?

Обратете се на лекар ако имате многу обилно крварење, силна болка што се влошува, висока температура, силна и долготрајна тага.

 

Првите 24 до 72 часа по породување се комбинација од опоравување, емоции и адаптација. Иако може да бидат напорни, тие се првиот чекор кон новиот ритам со бебето.

Најважно е да се слуша телото, да се одмара и да се побара поддршка кога е потребно.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет