Се разбудив

Поезија од Марија Симоноска

Се разбудив

Се разбудив од својот немир.

Се разбудив од своето црнило и гнивило,

од кошмарот свој бенигнен, скржавен.

Се разбудив од оклопот студен, мрачен,

несветол и непроѕирлив.

Се разбудив од својот неспокој и тага,

завиткани  насмевки од мрежеста јама.

Се разбудив од завојот завиен

врз мојата глава, душа и срце.

Ѕидините и солзите веќе ги нема,

се разбудив јас веќе сега.

Се разбудив во својот спокој, цврстина и вистина.

Во својата чистина, непроболот и ведрина.

Се разбудив како птиците

кои летаат широко низ небото,

како птиците кои пеат во бескрајот

на надежта и спокојот.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет