cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Роденден на директорот

Зошто и дадов отказ на секретарката!?

Роденден на директорот

 

 

Пред две недели наполнив 38 години. Утрото, на својот роденден, се разбудив прилично нерасположен, бидејќи годините го прават своето.

Отидов во кујната уверен дека жена ми ќе ме освежи со “Добро утро и среќен роденден, маженце мое златно”. А веројатно и ќе ме изненади со некој подарок. Ништо. Не кажа ни добро утро, а камоли нешто друго на што се надевав! Добро, помислив, со текот на годините стануваат такви, но децата, тие сигурно ќе се сетат на мојот роденден. Децата, исто така, не рекоа ништо.

Длабоко разочаран отидов на работа. Штом влегов во канцеларијата ме дочека мојата секретарка. Со насмевка на лицето Лидија рече:”Добро утро директоре и се најубаво за Вашиот роденден!” Веднаш се почувствував подобро. Сепак некој се сетил дека денес ми е роденден.

Се задлабочив во работата и работев до попладнето. Тогаш на вратата затропа Лидија:

“Знаете директоре, денес е толку убав ден, а и роденден Ви е, па Ве повикувам на ручек!” Тоа е најубавата работа која денес сум ја слушнал”, возвратив. “Одиме?”

Отидовме на ручек во еден одличен мал, интимен  ресторан на периферијата, си дозволивме неколку мартини и бескрајно уживавме во одличната храна. Кога се враќавме назад, Лидија рече: “Знаете директоре, денес е толку посебен ден, зошто да се враќаме во канцеларија?”

“Навистина сте во право”, реков, како и секој добар директор задоволен од својата секретарка. “Тогаш ве повикувам кај себе на чаша вино!”

Се сместив во удобниот кауч. Лидија ни тури вино и кога наздравивме, рече:

“Само момент директоре, да облечам нешто поудобно!”.

“Секако, само напред!”, одговорив видно возбуден и со треперлив глас. Отиде во спалната соба и се врати по пет минути. Во рацете носеше голема торта, а зад неа одеа мојата жена, моите деца, пријателите и некои колеги од работа. Сите пееја “Happy birthday to you…”

 

А јас седев на каучот гол-пиштол, како од мајка роден...

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет