Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош, Рингераја е радост, Рингераја е приказна за нашето семејство.

Интернет порталот Рингераја.мк е најголем специјализиран портал за сегашни и идни родители во Македонија. Месечно го посетуваат голем број интернет корисници, меѓу кои најмногу преовладуваат надпросечно образовани жени, на возраст помеѓу 25 и 34 години, кои преставуваат половина од сите корисници на порталот.
Почетоците на порталот се од 2009 година, кога со наша помош почна да се создава првата интернет заедница на »родители« кај нас. Користејќи го искуството од останатите земји во регионов каде Рингераја постои и континуираната работа на тимот во Македонија, порталот доживеа многу надоградувања и проширувања, кои не доведоа до моменталната состојба на најголем семеен интернет медиум во Македонија. Денес Рингераја.мк е клучен извор на информации за секоја трудница во Македонија, за секој пар кој размислува за бебе, или младо семејство, кое за првпат се среќава со предизвикот да се биде родител и да се одгледува дете.
Порталот е поделен на четири основни подрачја, кои се во согласност со различни периоди од животот на секој родител. Тоа се подрачјата ЗАБРЕМЕНУВАЊЕ, БРЕМЕНОСТ, БЕБЕ и ДЕТЕ, кои вклучуваат широк спектар на популарни статии, поделени во тематски категории, интерактивни алати и тематски форуми, кои на нашите корисници им нудат корисни информации, убави зборови во тешките моменти и секако споделена среќа при радосни вести. Покрај основните подрачја порталот е составен и од разновидни рубрики и алати, како што се рецепти, убавина и мода, детско катче, филантропија, календар на бременост, календар на детски развој, календар на овулација, кинески календар за одредување на полот, калкулатор на срцеви отчукувања, список на имиња, албуми и анкети.
Рингераја.мк припаѓа на групата на семејни интернет портали чиј сопственик е компанијата Дану д.о.о. од Словенија (www.danu.biz), која се стреми да воспостави мрежа на европски локални заедници, со заеднички интерес за бременост и родителство. Освен Рингераја.мк Дану управува и со портали со сродна содржина во следниве земји: Словенија, Италија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
Со Рингераја.мк управува Дану Медиа д.о.о.е.л. Скопје.
МИСИЈА НА ПОРТАЛОТ
Нашата мисија е со помош на интернетот и сите можности кои како медиум ги нуди, им овозможиме на сегашните и идни родители достап до информации за планирање на бременост, периодот на бременост, здравјето и развојот на детето и неговото подигање. Рингераја.мк на корисниците им овозможува размена на мислења и меѓусебно споделување на искуства, како добивање на совети од стручни лица, се со цел за добивање одговори на многу прашања од областа на забременување, бременост, родителство и одгледување на деца.
Со помош на заедницата се обидуваме да добиеме што е можно поголем слух за актуелните проблеми и да го зголемиме квалитетот на донесените закони и прописи, а исто така се обидуваме да ги информираме нашите корисници за правата и обврските кои законски им припаѓаат. Со тоа сакаме да влијаеме на квалитетот, понудите и нивото на услуги, кои овие организации ги нудат.