cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките

Понекогаш луѓето избрзуваат со непромислени коментари. Иако знаејќи колку мајките се сензитивни во периодот по породувањето, постојат одредени коментари кои навистина можат да ги вознемират.

Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките

Можеби вие никогаш не сте се нашле во слична ситуација, не сте од оние кои на прва коментираат или пак поминал долг период од вашето породување. Но вашата пријателка е тукушто породена така да внимавајте да не ја налутите и повредите.

Ако немате нешто убаво и паметно да кажете подобро молчете. Ако не сте сигурни дали тоа што ќе го кажете е добро или лошо подобро не го кажувајте. Ова се неколку работи кои не смеете да ги кажете на родилките.

 

1. Зар и по раѓањето стомакот останува толкав?

Не се сите жени како познатите личности да  можат да живеат со чили пиперки и вода со лимон и четири дена по раѓањето да ја вратат титулата на секс симбол. На некои им треба подолг временски период нивното тело да се врати во форма блиску до претходната или пак да се ослободат од наслагите.

 

2. Бебето плаче!  Сигурно е гладно.

Со овој заклучок ја повредувате мајката, затоа што така се добива впечаток дека таа го изгладнува детето и дека незнае кога е време да го нахрани. Почекајте со коментарот, можеби бебето има грчеви, можеби сака цуцла или пак сува пелена. Не потценувајте го заморот на мајката која не спиела ни еден час во последните неколку денови на која и сама и доаѓа да заплаче.  

 

3. Бебето е толку убаво! Воопшто не личи на вас!

По таков заклучок надевајте се само да не не бидете експресно испратени низ влезната вратата, а само што сте дошле во посета.

 

4. Толку е сладок/ка.

Иако новороденото девојче може и нема толку бујна коса, мајката не сака кога нивното девојче ќе го заменат со него. Тоа што нема долга коса не треба да претставува заблуда дека тоа е момче.

 

5. Нели е време да го одвикнеш од цуцлата?

Секој слободен момент мајката го поминува скриена во орманот и го листа прирачникот за совети,  како би ја постигнала целта, детето брзо или кога ќе биде време да се одвикне од цуцлата. Не заборавајте дека цуцлата има смирувачки ефект врз бебињата. Покрај тоа помага во спречување на синдром на ненајдена смрт кај новороденчињата.

 

6. Детето е буцкасто!

Мајките се свесни дека нивното бебе е буцкасто. Единствeна работа на новороденчето е да јаде. Посебно треба да се внимава ако бебето е девојче. Имено, на женскиот пол макар биле стари и неколку саати не им се допаѓа да слушнат дека се дебели.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет