cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Работа и бременост, како да се справиш со обврските?

Бременоста носи големи физички и емоционални промени, а кога се комбинира со работни обврски, може да стане вистински предизвик.

Работа и бременост, како да се справиш со обврските?

Заморот, мачнините и промените во концентрацијата се нормални, но со добра организација и поддршка, овој период може да се помине многу полесно.

 

Слушајте го вашето тело

Најважното правило е да не се игнорираат сигналите на телото. Заморот во бременоста е нормален, па затоа правете кратки паузи во текот на работниот ден, не се преоптоварувајте со дополнителни задачи и секако одмарајте кога е потребно.

Во овој период телото работи поинтензивно поради хормоналните промени и адаптацијата кон бременоста, вклучувајќи ги и процесите поврзани со неа.

 

Организирајте го денот

Добрата организација може значително да го намали стресот:

-        Правете приоритетна листа на задачи во денот.

-        Поделете ги задачите на поголеми и помали.

-        Планирајте пократки и пофокусирани работни сесии.

 

Комуницирајте со работодавецот

Отворен разговор со работодавецот може да донесе олеснување преку:

-        прилагодено работно време,

-        можност за работа од дома, ако е можно.

-        намалување на физички напорни задачи.

Многу работни места имаат разбирање за потребите на трудниците.

 

Грижете се за енергијата

За да го одржите нивото на енергија: јадете редовн и здраво, пијте доволно вода, избегнувајте долги периоди без храна и спијте доволно навечер

 

Намалете го стресот

Стресот може да влијае и на расположението и на физичката состојба. Помагаат кратки прошетки, длабоко дишење, лесно истегнување, слушање музика или релаксација.

 

Бидете реални со очекувањата

Не мора да бидете исто продуктивни како пред бременоста. Овој период е привремен и нормално е темпото да биде поумерено.

 

Работата и бременоста можат успешно да се комбинираат со добра организација, разбирање од околината и слушање на сопственото тело.

Најважно е да се грижите за себе затоа што вашето здравје директно влијае и на бебето.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет