Прво шишање, први чевлички, прва четка за заби. Кога е време за нив?
Првите „мали“ моменти во животот на детето често носат големи прашања за родителите. Кога е вистинскиот момент за прво шишање? Дали веќе му требаат чевлички? И кога да започне со миење на заби?
Одговорите не се секогаш строги, но постојат насоки кои можат да помогнат.
Прво шишање
- Нема строго правило кога прв пат да го шишате своето малечко. Може да биде на неколку месеци или подоцна.
- Кога има потреба односно ако косата влегува во очи или ако е нерамномерна или тешка за одржување.
- Важно е тоа да се направи кога детето е мирно, со трпение и без притисок.
Први чевлички
- Не се потребни додека детето не прооди. Босото одење помага за рамнотежа и развој.
- Може да се купат откако детето ќе почне да оди надвор.
- Тие треба да бидат лесни и флексибилни, со мека, нелизгачка подлога и доволно простор за прстите.
Прва четка за заби
- Првата четка за заби треба да ја набавите веднаш со појава на првиот заб, вообичаено обично околу 6-тиот месец.
- Четката треба да биде мека и мала, прилагодена за бебиња.
- Четкајте ги запчињата двапати дневно, без притисок, како дел од рутината.
Што е најважно?
Секое дете има свој ритам затоа не споредувајте го со други деца. Следете кога вашето дете ќе биде подготвено, а не да следите генерализирани правила.
Секое прво нешто во животот на вашето дете претворете ги во позитивно искуство
Овие „први чекори“ не се трка, туку дел од природниот развој. Со малку трпение и внимание, секој од овие моменти може да стане убаво и спокојно искуство и за детето и за родителите.





