Проверка на цервикалната слуз - природен показател за плодност што многу жени го занемаруваат

Телото секојдневно ни испраќа сигнали само треба да научиме да ги читаме. Еден од најпрецизните природни показатели за плодност е токму цервикалната слуз.

Проверка на цервикалната слуз

Овој деликатен, но неверојатно информативен телесен секрет ни кажува кога сме најплодни, кога се приближува овулацијата и како се менува циклусот.

Ако се обидувате да забремените или сакате подобро да го разберете сопственото тело, проверката на цервикалната слуз е алатка што вреди да ја совладате.

 

Што е всушност цервикална слуз?

Цервикалната слуз е природна течност што ја лачи грлото на матката. Нејзината количина, боја и текстура се менуваат низ циклусот под влијание на хормоните.

Овие промени не се случајни туку тие се начин на телото да ги олесни или спречи сперматозоидите да стигнат до јајце-клетката, да го одржи pH-балансот и да ја подготви матката за овулација или менструација.

 

Како да ја проверите цервикалната слуз?

Постојат два едноставни начина:

1. Со набљудување при бришење. Кога одите во тоалет, пред и по бришењето, погледнете ја текстурата и бојата на слузта на хартијата. 

2. Со прстот. Измијте ги детално рацете и нежно внесете чист прст во вагината. Извадете мала количина слуз и растегнете ја помеѓу палецот и показалецот. 

Ова е најточен начин за проценка.

 

Фази на цервикалната слуз низ циклусот

Цервикалната слуз не е секогаш иста.

По менструација - суво или многу малку слуз. Понекогаш нема ништо видливо и ова е неплодна фаза. 

Густа, кремаста или мат бела слуз. Оваа слуз е слична на лосион и сперматозоидите тешко се движат низ неа. Покажува умерена плодност. 

Воденкаста слуз. Таа слуз е проѕирна и тенка. Означува дека овулацијата се приближува и дека плодноста расте. 

Слуз слична на белка од јајце (EWCM) - најплодна состојба

Ова е најважниот знак.

Карактеристики на оваа слуз се тоа ѓто таа е многу растеглива односно може да се протега и до неколку сантиметри, лизгава е, проѕирна, и мазна и овозможува брз и лесен пат на сперматозоидите.

Оваа слуз го покажува врвот на плодност и дека овулацијата е многу блиску или веќе започнала.

По овулацијата - густа, леплива. Причината за ова е прогестеронот кој ја згуснува слузта. Ја спречува подвижноста на сперматозоидите и сигнализира на неплодна фаза. 

 

Зошто е важно да ја следите?

Следењето на цервикалната слуз ви помага да:

  • ги откриете плодните денови без тестови,
  • ги зголемите шансите за забременување,
  • ги разберете хормоналните промени,
  • препознаете потенцијални проблеми со циклусот.

Во многу случаи, слузта е попрецизна од мобилните апликации.

 

Што може да влијае на слузта?

Неколку фактори можат да ја променат ккао што се: стрес, инфекции, лекови особено антибиотици, антихистаминици,  хормонска контрацепција, дехидратација.

Ако слузта е секогаш густа, жолта, со лош мирис или болка побарајте лекарска помош.

 

Проверувањето на цервикалната слуз е едноставен, бесплатен и неверојатно точен начин да ја разберете својата плодност. Телото секогаш зборува потребно е само малку внимание за да го слушнете. Со неколку дена набљудување секој месец, ќе добиете јасна слика за тоа кога сте најплодни и како функционира вашиот циклус.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет