Природно или со терапија? Вистината за лекување инфекции
Кога ќе се појави инфекција, првото прашање што си го поставуваме е: „Може ли да помине природно или морам да земам терапија?“
Интернетот е полн со совети, чаеви, тинктури, витамини, но и спротивни мислења што предупредуваат дека без антибиотик нема оздравување.
Вистината е некаде помеѓу, а најважно е да се знае која инфекција како се лекува.
Не сите инфекции се исти
Првиот и најважен чекор е да се направи разлика меѓу вирусни инфекции како: настинка, грип, поголем дел од воспаленија на грло, некои гастроинтестинални инфекции и бактериски инфекции како: инфекции на уринарен тракт, бактериски синузит, бактериска ангина, одредени кожни инфекции.
Кај вирусите антибиотиците не помагаат. Телото само се бори, а природната поддршка може значително да олесни.
Кај бактериските инфекции терапијата често е неопходна за да се спречат компликации.
Кога природниот пристап е доволен?
Природните методи можат да бидат одлична поддршка кога: симптомите се благи, станува збор за вирусна инфекција, организмот е стабилен, нема покачена температура подолго време.
Природна помош може да вклучува: одмор и сон, доволно течности, билни чаеви, витамин Ц, цинк, пробиотици. Но понекогаш природниот пристап не е доволен.
Кога терапијата е неопходна?
Медицинската терапија е сојузник кога: симптомите се влошуваат, температурата трае повеќе денови, болката е силна, инфекцијата се повторува или постои ризик од компликации.
Особено е важно кај: бремени жени, деца, постари лица и лица со ослабен имунитет.
Најчестата грешка е самостојното лекување
Земање антибиотици на своја рака, прекинување на терапија предвреме или мешање на природни препарати со лекови без совет водат до: антибиотска резистенција, хронични инфекции и послаб имунолошки одговор.
Природнен пристап и терапија е паметна комбинација
Во многу случаи, најдобар пристап е комбиниран од терапија според препорака и природна поддршка за побрзо закрепнување. Така се грижите за имунитетот.
Не секоја инфекција бара антибиотик. Но, не секоја инфекција смее да се лекува само со чај.
Вистинското решение е да се информирате и да донесете одлука, направена со помош на стручно лице.





