cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Здравје, рамнотежа и надеж: приказната за тироидата и бременоста

Тироидната жлезда e мал орган во облик на пеперутка сместен во предниот дел на вратот кој има огромна улога во нашето тело.

Приказната за тироидата и бременоста

Кога постојат проблеми со нејзиното функционирање, тие можат да влијаат и на плодноста, одржувањето на бременоста, па дури и на развојот на бебето.


Како тироидната жлезда влијае на плодноста?

И хипотироидизмот (намалена работа на жлездата) и хипертироидизмот (преголема работа на жлездата) можат да ја нарушат рамнотежата на хормоните кои се потребни за овулација и имплантација на јајце-клетката.

Кога тироидните хормони не се во рамнотежа, може да се појават: неправилни менструални циклуси, отсуство на овулација, тешкотии при зачнување, зголемен ризик од спонтан абортус во раната бременост.


Зошто е важно да се провери тироидната функција пред зачнување?

Многу жени имаат незабележани проблеми со тироидната жлезда. Симптомите често се неспецифични како: замор, покачена телесна тежина, осцилации во расположението, сува кожа, нарушен сон и може лесно да се припишат на секојдневен стрес.


Затоа, лекарите препорачуваат пред планирање на бременост да се направат TSH, FT4 и FT3 тестови, а во некои случаи и антитела на тироидна жлезда (anti-TPO, anti-Tg).


Хипотироидизам и бременост

Кога тироидната жлезда не произведува доволно хормони, тоа може да ја забави овулацијата и да влијае на имплантацијата на оплодената јајце-клетка. Во текот на бременоста, нелекуваниот хипотироидизам може да предизвика: зголемен ризик од спонтан абортус, предвремено породување, низок интелектуален развој кај детето.

Со навремена терапија со левотироксин (синтетски тироиден хормон), овие ризици значително се намалуваат.


Хипертироидизам и бременост

Преголемото создавање на тироидни хормони може да доведе до: забрзано чукање на срцето, губење на тежина, зголемена нервоза, ризик од прееклампсија или предвремено породување.

Лекувањето се врши под строга контрола на ендокринолог, со лекови кои се безбедни за употреба во бременост.


Што да направите ако имате дијагностицирано тироидно нарушување, а сакате да забремените?

  1. Посетете ендокринолог пред зачнување. Потребно е да се прилагоди терапијата и да се стабилизираат вредностите на TSH.
  2. Редовно контролирајте ги хормоните особено во првиот триместар кога фетусот целосно зависи од хормоните на мајката.
  3. Не го прекинувајте лекувањето на своја рака бидејќи нелекуваната состојба е многу поризична од самата терапија.
  4. Одржувајте здрава исхрана, внесувајте доволно јод, селен, цинк и железо.


Болестите на тироидната жлезда не значат дека бременоста е невозможна, но бараат внимателно планирање и контрола. Со правилна терапија и редовни прегледи, повеќето жени со хормонални нарушувања можат да имаат здрава бременост и здраво бебе.
Важно е рано да се открие, да се побара стручната поддршка и да се добијат потребните информормации.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет