Приказната за Јана - видео
Погледнете ја Приказната за Јана која ја подготвивме за сите Вас кои ќе изработувате играчки-прегратки и ќе учествувате во акцијата Прегратка на Дар 2012.
Благодарение на Детски Креативен Центар кои несебично не поддржаа во целата акција и Алфа телевизија кои и оваа година се вклучија како наши медиумски покровители, успавме да ја снимиме Приказната за Јана.
Благодариме и на детската градинка „13 ноември“ за отстапените простории, како и на Факултетот за арт и дизајн при Евроскиот Универзитет за костимот на Битолското чупе.
Целта на приказната е децата да спознаат и почувствуваат со која цел ги изработуваат играчките и кому ке ги подарат играчките.
Погледнете!
Улоги:
Бојана Ацковска (Детски креативен центар) - Јана
Мина Митановска (Детски креативен центар) - Ева
Бојана Кузмановска - Битолското чупе
Режија: Марија Бејкова (Детски креативен центар)
Автор: Барбара Синадиноска - Платнар