cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Приказна за солидарност

Кратки поучни приказни за подобро отсликување на целите на проектот Прегратка на дар

Приказна за солидарност

 

 

Во одделението на Марко дојде ново дете. Учителката го стави да седи само на последната клупа, бидејќи на сите клупи седеа по двајца ученици. Кога ѕвончето означи крај на вториот час , сите деца излегоа надвор да ја изедат својата ужинка. Излезе и Филип, новото дете во одделението. Сите деца се собраа во круг и од ранчињата ги извадоа своите сендвичи. Филип стоеше сам настрана и немаше ужинка. Гледаше тажно во групата деца, но му беше срам да им се придружи. Тогаш Марко забележа дека новото другарче е тажно. Му се приближи и му рече:

- Филип, сакаш ли да бидеш мој другар? Филип го гледаше зачудено и со недоверба во очите.

- Те молам, во знак на почеток на ново другарство, дозволи да го поделам мојот сендвич со тебе.

Филип забележа дека Марко има искрени намери и ја зеде половината од сендвичот која Марко упорно му ја нудеше. На неговото лице се појави широка насмевка бидејќи доби нов другар.

 

 

Заклучок од приказната: Нема да изгубиш ништо ако ја поделиш својата ужинка. Можеш само да добиеш ново другарче.

 

 

 

Помогнете ни заедно да влијаеме во изградба на подобро општество и да ги израдуваме болните дечиња за време на Новогодишните празници.

 Земете активно учество во акцијата Прегратка на дар

 


Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет