cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Приказна за малата Хана, која искрено ќе ве насмее

Изминативе дена по социјалните мрежи се шири наставното ливче од лектирата што го пополнала 11-годишната Хана, ученичка од петто одделение во едно училиште во Загреб

Приказна за малата Хана, која искрено ќе ве насмее

 

Нејзините храбри и бескомпромисни одговори ги воодушевија луѓето. Задачата била поврзана со приказната „На светот не може да му се угоди“ што се наоѓа во книгата „Шеговити народни приказни“, а Хана му покажа на светот дека не мора да му угоди.

1. Која е поуката од оваа приказна. Објасни.
- Поглупав е од магарето човекот што сака да им угоди на сите.

2. Наведи некоја слична ситуација од животот (на пример, на роденден, во одделението кога се одлучува за нешто...).
- Јас понекогаш танцувам на улица. Тато вели „немој“, а мама вели „смири се“. Јас и понатаму продолжувам да танцувам и не ги слушам другите.

3. Дали секогаш го прифаќаш туѓото мислење?
- Не, јас си терам по свое.

4. Дали сепак некогаш треба да се прифати туѓ совет?
- Само ако туѓото мислење се согласува со моето.

Фотографијата од наставното ливче ја објави мајката на Хана, Ана-Марија Мужевиќ, на нејзиниот фејсбук-профил, а набрзо сите почнале да ја споделуваат. 

„Хана со асистентката отишла во библиотеката да го реши наставното ливче. По часовите асистентката ми кажа дека Хана инсистирала на свои одговори, но асистентката сакала малку да ја насочи кон тоа дека не можеме секогаш тврдоглаво да бараме работите да бидат по наше, и некогаш треба да прифатиме компромис. Хана не сакала така да одговори и рекла дека ќе ја направи задачата онака како што таа мисли - така, ја решила задачата како што е на сликата. Секако, јас ? објаснив дека некогаш мораме да направиме нешто што го сакаат другите, од љубов, од учтивост. Но таа рече дека е таква каква што го напишала“, вели нејзината мајка.

Хана е дете со тешкотии од спектарот на аутизмот, вербален и високо-функционален аутист. Тоа значи дека во интелигенцијата е на исто ниво со нејзините врсници, но во социо-емотивните вештини заостанува. Замислете го Шелдон Купер од „Big Bang theory“.


1

 

„Таква е и Хана, освен суперинтелигенцијата, таа има намалена способност за читање емоции, со изразена веселост кон детските работи, многу отворена и искрена и никако не сака да порасне. Наскоро ќе наполни 12 години, а таа сè уште вели дека има 9 години“, вели нејзината мајка.

Хана сака да чита, глуми, обожава музеи и театар

Хана оди во училиште со редовна програма со индивидуализиран пристап и асистентка.

„На училиште имаме прекрасна поддршка од училишниот дефектолог, која сите наставници ги подготви за доаѓањето на посебно дете. Таа уште на првиот родителски состанок им рече на другите родители: 'Бидете среќни што ја имате Хана во одделението'. Хана сака да чита, глуми, обожава музеи и театар, а најмногу сака географија и историја“, вели нејзината мајка.

Одговорите на нејзината ќерка не ја изненадиле бидејќи Хана е токму таква.

„Би ме изненадило да ? дозволеше на асистентката да ја увери да напише прифатливи одговори“, вели таа. 

Иако не планирала да ? каже на ќерка си дека предизвикала огромно внимание, децата од училиште прочитале во медиумите за неа, па тие ? побарале автограм на Хана бидејќи сега е позната. „Оставете ме на мира, не сум Лејди Гага, само сум обична ученичка“, им рекла таа.

„Тоа е мојата Хана, дете што не ги прифаќа границите наметнати од возрасните и системот, дете што ги менува луѓето околу себе, го отвора нивниот поглед кон светот, искрена е и отворена, дури и тогаш кога другите не сакаат да слушнат. А ние сме родители кои ја поддржуваат во тоа бидејќи не зборува само за себе, туку и за сите деца што не можат да го направат тоа“, заклучува нејзината мајка.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет