Причини, тригери и природни решенија за акни
Акните се една од најчестите кожни состојби кои не ги погодуваат само тинејџерите, туку и возрасните.

За да се справиме со нив, прво треба да ги разбереме причините и факторите што ги влошуваат.
Зошто настануваат акни?
- Прекумерно лачење на себум. Мастите кои ги лачат лојните жлезди се таложат и ги затнуваат порите.
- Мртвите клетки на кожата ако не се отстрануваат редовно, создаваат идеална средина за бактерии.
- Бактерии како Cutibacterium acnes, порано позната како Propionibacterium acnes предизвикува воспаление.
- Хормони, особено во пубертет, менструален циклус или бременост.
- Генетика предиспозиција кај некои луѓе.
Тригери кои можат да ги влошат акните
- Стресот ја зголемува активноста на хормоните што стимулираат себум.
- Нездравата исхрана како внес на премногу шеќери, преработена храна и млечни производи може да придонесат за влошување на акните.
- Неправилната нега на кожа преку користење на агресивни производи или недоволно чистење.
- Лекови односно одредени хормонални препарати или стероиди.
- Неправилни навики како често допирање на лицето, спиење со шминка, валкани навлаки и мобилен телефон исто така предизвикуваат влошување на акните.
Природни решенија за почиста кожа
Редовна хигиена на лицето
- Мијте го лицето два пати дневно со благ гел без алкохол.
Чајно дрво (tea tree oil)
- Има природно антисептичко и антибактериско дејство.
Маска со мед
- Медот има антибактериски својства и ја смирува воспалената кожа.
Зелен чај (локално или како пијалок)
- Богат со антиоксиданси кои ја намалуваат воспаленоста.
Исхрана богата со зеленчук и омега-3 масни киселини
- Авокадо, јатки, ленено семе и риба го намалуваат воспалителниот процес во телото.
Алое вера
- Смирува, хидрира и ја обновува кожата.
Кога е време за дерматолог?
- Ако акните се болни, чести или оставаат лузни.
- Ако домашните и природни методи не даваат резултати.
- Ако акните влијаат негативно на самодовербата и расположението.
Акните имаат повеќе причини и тригери, а решението често бара комбинација од правилна нега, здрава исхрана и природни средства. Со трпение и соодветен пристап, кожата може да се смири и да изгледа поздрава.